Оваа статија содржи кинески текст. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо кинески знаци.
Оваа статија содржи корејски текст. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо хангул и ханча.
Четири азиски тигри или Азиски змејови е термин кој се користи именување на високо развиените економии на Хонгконг, Сингапур, Јужна Кореја и Тајван. Овие држави имале исклучително висок економска стапка на раст (поголем од 7 отсто на годишно ниво) и брза индустријализација во периодот помеѓу 1960 и 1990 година. Во 21 век, сите четири т.н Азиски змејови развиле напредна економија и се спезијализирале во областа на конкурентноста. Хонгконг и Сингапур станаа светски водечки меѓународни финансиски центри, а Јужна Кореја и Тајван се светски водачи во производство на информатичката технологија. Нивниот економски успех станал модел за многу земји во развој [1][2][3], особено за Новите азиските тигри.
Првиот голем неуспех на Четирите азиски тигрови економии, се случил во 1997 година, за време на азиската финансиска криза. Додека Сингапур и Тајван беа релативно неповредени, Јужна Кореја беше подложен на голем берзански крах предизвикан од високото нивоа на нефункционални корпоративните кредити, додека Хонгконг се нашол под интензивени шпекулативни напади кои и наложиле на Хонгконгшката монетарна власт да интервенира на пазарот во невиден размер. Во годините по кризата, сите четири економии отскокнале силно. Јужна Кореја, која најтешко била погодена од Тигрите, успеа тројно да го зголеми својот БДП по жител во однос доларот од 1997 година.