Светска турнеја на UCI 2020
Светска турнеја на UCI 2020 — низа трки предвидени во сезоната 2020, кои првично вклучувале триесет и шест друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2020.[1] Меѓутоа, некои од нив биле откажани поради избувот на коронавирусот ковид-2019 во светот.[2] Натпреварувањето започнало со воведната етапа на Тур Даун Андер на 21 јануари[1] и завршило со последната етапа на Вуелта а Еспања на 8 ноември.[3][4]
Дванаесетто издание на Светска турнеја на UCI | |
![]() Лого на Светската турнеја | |
Поединости | |
---|---|
Датуми | 21 јануари – 8 ноември |
Места | Австралија, Европа и Среден Исток |
Трки | 21 |
← 2019 2021 → |
Настани
Календарот за 2020 бил првично објавен во јуни 2019 година.[1] Во октомври 2019 година, календарот бил официјално претставен од UCI.
Имало две промени од Светска турнеја 2019, обете отстранувања од календарот.
- Трката околу Турција добила понизок ранг и била преместена во UCI ProSeries за 2020 година поради недостиг на учество од страна на UCI World Tour екипите во 2018 и 2019.[5]
- Трката околу Калифорнија нема да се одржи во 2020 година поради недостиг на средства.[6]
Поради пандемијата на коронавирусот која се појавила пролетта, бројни трки биле одложени, вклучувајќи ги сите три големи трки и четири од петте годишни монументи. Поради тоа, организаторите на трките побарале нови датуми од Меѓународниот велосипедистички сојуз за многу од овие трки. На 5 мај 2020 година бил објавен нов ревидиран календар од UCI, па така 25 трки ќе бидат одржани помеѓу 1 август и 8 ноември; неколку трки се предвидени да се поклопат, како што се Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.[7] Од овие 25, Трката околу Франкфурт и Јуроајс Класик требале да добијат потврдени датуми во календарот.[8] Други измени во календарот биле направени во јуни, кога уште две трки биле откажани, неколку други добиле нови датуми, а Јуроајс Класик бил закажан за октомври.[3]
Откажани настани
Вкупно петнаесет настани не биле повторно закажани да се одржат во сезоната 2020 или пак биле целосно откажани. Стогодишната Волта а Каталуња (23–29 март),[14] Трка околу Баскија (6–11 април),[15] Тур де Романди (28 април – 3 мај),[16] Тур де Свис (7–14 јуни),[17] и Класика де Сан Себастијан (25 јули) биле откажани пред обновениот календар да биде објавен од UCI.[15] По обновата на календарот во мај, Е3 БинкБенк Класик (27 март)[8] и Класик Лондон-Сари (16 август) биле откажани;[18] при обновата на календарот во јуни, Трката околу Франкфурт (првично закажана за 1 мај) и Дварс дор Вландерен (претходно презакажана за 14 октомври) биле исто така откажани.[3] Во јули, ЈуроАјс Класик (првично закажана за 16 авгист, а потоа презакажана за 3 октомври),[19] и двете канадски трки во Квебек и Монтреал (закажани за 11 и 13 септември) биле откажани.[20]
По започнувањето со трките на 1 август, завршната трка во сезоната Трка околу Гуангси (првично закажана за периодот 15-20 октомври, а потоа закажана за 5-10 ноември) била откажана на 10 август.[4] На 30 септември, дента откако холандските етапи биле отстранети од БинкБенк Тур, Амстел Голд Рејс (првично закажана за 19 април, а потоа презакажана за 10 октомври), била откажана по избувот на нови случаи од коронавирусот во Холандија.[12][21] На 9 октомври, Париз-Рубе (првично закажана за 12 април, а потоа презакажана за 25 октомври) била откажана по растот на случаи на коронавирусот во Франција.[22]
Белешки
Наводи
Надворешни врски
- Матична страница (англиски)