Корејски Полуостров

Корејскиот Полуостров (корејски: 조선반도 во С. Кореја; 한반도 во Ј. Кореја) е полуостров во источна Азија. Се протега во правец север-југ во должина од 1.100 км, од континентална Азија до Тихиот Океан, опкружен со Јапонското Море на исток и Жолтото Море на запад. Двете мориња ги дели Корејскиот Проток.

Корејски Полуостров
Полуостров
ЗемјиСеверна Кореја, Јужна Кореја
Се граничи соКина, Јапонско Море, Источнокинеско Море, Жолто Море, Корејски Проток
Должина1.100 км, север-југ
Површина220.847 км2

Сè до крајот на Втората светска војна, Кореја била една држава чија територија приближно се совпаѓала со самиот полуостров. По завршувањето на Корејската војна во 1953 г.,[1] северниот дел на полуостровот влегол во ДР Кореја, додека пак јужниот ѝ припаднал на Република Кореја.

Како северна граница на Корејскиот Полуостров се смета границата на Северна Кореја со нејзините северни соседи: Кина (1.416 км) и Русија (19 км). Овие граници се впрочем природни, образувани од реките Јалу (Амнок) и Тумен. Според ова, Корејскиот Полуостров (вклучувајќи ги околните острови) зафаќа површина од 220.847 км2.

Во ДР Кореја, полуостровот се нарекува „Чосон Пандо“, додека во Р. Кореја името му е „Хан Бандо“.

Поврзано

Наводи

  • KOIS (2003). Handbook of Korea, 11th ed. Seoul: Hollym. ISBN 1-56591-212-8.
  • Езеро во Литванија слично на Корејскиот Полуостров Архивирано на 31 декември 2008 г. (англиски)

Надворешни врски

37°30′N 127°00′E / 37.500° СГШ; 127.000° ИГД / 37.500; 127.000