Во XVII и XVIII век, китоловството била важна гранка на Фер. Пописот во 1787 година покажал дека Дунзум имал 147 жители, од кои 40 биле поморци.[2]
Како дел од Вестерланд Фер, Дунзум припаѓал на кралската енклава на Данска и така бил директен дел на данската круна, додека Остерланд Фер припаѓал на Војводството Шлезвиг. Данска го изгубила Шлезвиг од Прусија при Втората шлезвишка војна, Дунзум станал дел од Шлезвиг-Холштајн.