Од Википедија — слободната енциклопедија
Собирање на Аргонаутите, антички црвенофигурален кратер, 460–450 г.п.н.е., Лувр (Г 341) Аргонаути — хеленски епски јунаци кои со бродот Арго тргнале во потрага по Златното руно во Колхида.
Според митолошките извори на повик на Јасон , атолскиот јунак и наследник на кралството на Ајсон, кој на оваа задача бил предизвикан со итрина на Пелиј, неговиот чичко кој на измама го зел престолот од татко му. Мисијата била опасна, непредвидлива и неизвесна. Јасон од прочуениот бродоградител Арг побарал брод и пратил гласници низ целата земја да ги повика јунаците да му се придружат на таа мисија.[1]
Акаст, синот на кралот Пелиј; Актор, синот на Дејон од Фокида; Адмет , принцот од Фера;Амфијарај, аргивски пророк; Големиот Анкај од Тега, синот на Посејдон ; Малиот Анкај, лелегиец од Сам; Арг Теспијски, бродоградителот на Арго ; Аскалаф орхоменец синот на Ареј ; Астериј синот на Комет Пелопљанин; Аталанта од Калидон девица, ловец; Аугеја, синот на кралот Форбант од Елида; Бут од Атена , пчелар; Ехион синот на Хермес ; Ергин од Милет ; Еуфем од Тајнар, пливач; Еуријал, синот на Мекистеј, еден од Епигони; Еуридамант Долопљанец, од езерото Ксиние; Фалер од Крета, синот на Дионис ; Херакле од Тиринт , најсилниот човек кој некогаш живеел, а потоа станал бог;Хила од Дриоп, штитоноша на Херакле ; Идај, синот на Афареј од Месена; Идмон од Арг, синот на Аполон ; Ификле, синот на [[Тестиј Ајтолан; Ифит, братот на кралот Еуристеј од Микена ; Јасон , водач на потрагата;Јолај ,внукот на Херакле;Кајнеј Лапит кој некогаш бил жена; Калаид, крилатиот син на Бореј; Канто од Еубоја;Кастор еден од Диоскурите; Кефеј синот на Алеј од Аркадија; Корон Лапит од Гиртон во Тесалија ; Лаерт, синот на Акрисиј од Арг; Линкеј извидник, братот на Идај, познат по остриот поглед што ги пробивал дури и ѕидовите;[2] Мелампо од Пил, синот на Посејдон; Мелеагар од Калидон; Мопс Лапит; Науплие од Арг, синот на Посејдон, прочуениот морепловец; Ојлеј од Локрид, таткото на Ајант ; Орфеј , поет од Тракија ;Палајмон, синот на Хефаст од Ајтолија; Пелеј Мирмидонец; Пенелеј, синот на Хепалким од Бојотија; Периклимен од Пил, волшебник, синот на Посејдон; Појант, синот на Таумак од Магнезија; Полидеук спартанскиот боксер, еден од Диоскурите; Полифем, синот на Елат од Аркадија; Стафил, братот на Хан ; Тифие, крмар од Исифија; Зет, братот на Калаид. Велат дека никогаш ни порано, ни подоцна не се собрала така величествена група на некој брод.[3]