Дони Стил Андерс Колсефини Грег Велтс Џош Брејнард Пол Греј Џои Џордисон Брендон Дарнер
Slipknot е американска хеви метал група од Ајова, САД, кои се формирани во 1995 година. Сите членови на групата носат уникатни маски. Бендот досега има издадено четири студиски албуми, а познати се по нивниот агресивен изглед и по хаотичните концерти. По повеќето промени во првобитниот состав, денес бендот се состои од: Кори Тејлор(вокали), Шон Крехан(перкусии), Крис Фен(перкусии), Сид Вилсон (DJ), Џеј Вајнберг(тапани), Алесандро Вентурела(бас гитара), Mик Томпсон(водечка гитара), Џејмс Рут(ритам гитара) и Крејг Џонс(семплови). Првата промена во почетниот состав е на 25 мај 2010 со ненадејната смрт на басистот Пол Греј. На 12 декември 2013, бендот изјави дека тапанарот Џои Џордисон го напуштил бендот од неразјаснети причини. Досега имаат издадено 5 студиски албуми и во тек е снимањето на шестиот албум, кој ќе биде издаден во 2019 г.[1][2]