мирандски јазик, кој се зборува во некои села на општината Миранда до Дуро, бил официјално признат во (Lei n.° 7/99 de 29 de Janeiro), оттогаш давајќи му официјално право на користење на мирандскиот на јазичното малцинство кое го засега.[4] Португалскиот знаковен јазик е исто така признат.
Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија.
5.
Коимбра бил главен град на државата од 1139 до околу 1260
Португалија (португалски: Portugal) — република во западниот и југозападниот дел на Пиринејскиот Полуостров во Југозападна Европа. Таа е најзападната земја во Континентална Европа. Португалија се граничи со Шпанија на север и исток, и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азорите (Açores) и Мадејра.
Главен град на Португалија е Лисабон. Вкупното население на Португалија е 10.524.145 жители.
Името „Португалија“ само по себе открива делови рани од историјата на оваа земја - таа потекнува од римското име Portus Cale, можна мешавина на грчко и латинско име кое значи "Убаво пристаниште". Просторот на денешна Португалија во текот на историјата бил населуван од страна на многу народи и цивилизации, како Иберите, Келтите, Феникијците, Картагинците, Старите Грци, Германите и Маврите.
Португалија во текот на XV век и XVI век успеала да го прошири своето влијание. Славни личности од тие векови се: Фернандо Магелан кој го опколил светот, Бартоломео Дијас кој достигнал до ’Ртот на Добрата Надеж и источниот крај на Африка, Васко де Гама и др. Крајот на XV век, Португалија за првпат во историјата ја изгубила независноста, и тоа под власт на Шпанија преку кое почнало пропаѓање на Португалија како велесила.
Португалија продолжила да ја губи својата политичка и економска сила поради неколку причини, пред сè Лисабонскиот земјотрес од 1755 година, подемот на Наполеон Бонапарт, стекнување на независност на Бразил во 1822 година и граѓанската војна помеѓу либералите и апсолутистите. Во 1910 година била укината монархијата. Во 1975 година Протугалија дала независност на своите преостанати колонии.
Португалија е една од основачите на НАТО алијансата, а од 1986 година е член на ЕУ.
Португалија е држава на западниот и југозападниот дела на Пиринејскиот Полуостров. Граничи со Шпанија на север и исток и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азурите (Açores) и Мадејра. Португалија е една од најтоплите држави во Европа со атлантско-средоземна клима. Пролетта и летото обично се топли а во јули и август температурите се движат од 30–35 °C во централниот дел и до 45 °C во внатрешноста и јужниот дел на земјата. Есента и зимата се врнежливи а температурите достигаат до -5 °C. Снежни врнежи има на повисоките места во планинските предели на север. Средните годишни температури се движат од 13 °C на север и 18 °C на југ. Источниот дел од Португалија е претежно планински, додека западниот е низински. Северниот е планински, каде течат реките Мињо и Доуро.
Најголема религија во Португалија е Римокатоличката. Околу 84% од населението се католици, но само околу 19% присуствуваат редовно на неделните литургии. Сепак, голем број од Португалците сакаат да бидат крстени, оженети во црквата и слично[5]. Иако црквата и државата формално биле разделени за време на Првата Португалска Република (1910-1926), со уставот од 1976 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во португалското општество и култура. Многу португалски празници, фестивали и традиции, имаат религиозно потекло. Иако црквата и државата се формално одвоени, Католичката црква сè уште добива одредени привилегии во земјата.
Денеска, најголемиот дел од португалското население е римокатоличко, односно 84.5% од вкупниот бој на населението се католици, а околу 2.2% припаѓаат на други христијански организации[6].