Mountain Dew

Mountain Dew (буквално: Планинска роса) — безалкохолен, високогазиран пијалак, заштитен знак на американската компанија PepsiCo.[1]

Шише маунтин дју

Историја

Изворниот рецепт бил измислен во Ноксвил во 1940-тите. Се појавил и во градовите Марион и Џонсон Сити. Во мигов, покрај жолто-зелениот пијалак, постојат неколку разновидности на него, кои се разликуваат по боја и вкус, вклучувајќи диететски и бескофеински.[2]

Mountain Dew исто така бил издаден во Обединетото Кралство од 1996 до 1998 г. Нов пијалак наречен „Mountain Dew Energy“ веќе е воведен на трговиштето за енергетски пијалаци во Обединетото Кралство. Во мигов, главниот асортиман на пијалаци под марката „Маунтин дју“ се произведува со употреба на сахароза, засладувачи (високофруктозен пченкарен сируп во обичните пијалаци, аспартам — во диеталните).

Исто така, Mountain Dew преведен од жаргонот на јужните држави значи „шверцуван алкохол“.

Лого

Во 2008 г., PepsiCo Corporation објавила глобално ребрендирање. Последователно, сите логоа на произведените производи (Pepsi, 7UP, Mtn Dew, итн.) претрпеле брзи промени. И така, Mountain Dew има ново лого и скратено име MTN DEW.[3]

Наводи

Надворешни врски