Metro Exodus

видеоигра од 2019 година

Metro Exodus (буквално: Метро: Исход) — пукачка игра од прво лице развиена од украинската компанија 4A Games и објавена од Deep Silver. Играта била пуштена на 15 февруари 2019 г. за играчките платформи ЛС (Windows), PlayStation 4 и Xbox One. Metro Exodus е третата игра од серијата Metro, ​​чиј заплет е заснован на романите на Дмитриј Глуховски и ја продолжува приказната на Metro 2033 и Metro: Last Light.[1][2]

Metro Exodus

Изработувач(и)4A Games
Издавач(и)Deep Silver
Уметник(ци)Сергеј Кармалски
Писател(и)Андреј Пасхалов
Композитор(и)Алексеј Омелчук
СеријалMetro
Погон4A Engine
Подлоги
Датум на издавање
Жанр(ови)пукачка игра од прво лице
Режим(и)едноиграчки

Играчки процес

Metro Exodus е пукачка игра од прво лице со елементи на преживувачки ужаси и потајна акција. Дејството се одвива во постапокалиптичните пустини на Руската Федерација и Република Казахстан, каде што играчот мора да се справи со новите опасности на светот и да учествува во борбата против мутираните суштества, како и непријателските луѓе.[3] Играчот поседува арсенал на огнено оружје и фрлачко оружје што можат да се подобрат (промените можат да се користат за приспособување на сите делови на оружјето, од приемникот до цевката). Играта содржи мешавина од праволиниски нивоа и отворени места достапни за истражување од играчот.[4][5] Има и динамичен временски систем, дневен/ноќен циклус и годишните времиња се менуваат како што напредува приказната.

Наводи

Надворешни врски