LMFAO

LMFAO е Американско електро поп дуо составено од рапери, продуценти, танчери и Диџеите Редфу (Стефан Кендал Горди, роден на 3 септември 1975 година)[1] и неговиот внук Скајблу[2][3] (Скајлер Хјустен Горди, роден на 23 август 1986 година).[4] Групата е основана во 2006 година во Лос Анџелес, Калифорнија. Редфу е исто така син на музичкиот магнат Бери Горди, СкајБлу пак е негов внук. Нивната музика вклучува тема на забави и пиење, и најчесто стилот на групата се однесува како „рок забава“.

LMFAO
RedFoo („Редфу“) (лево) и SkyBlu („СкајБлу“) настапуваат во Форт Вејн, Индијана
Животописни податоци
ПотеклоПацифик Палисејдс, Лос Анџелес, Калифорнија
ЖанровиЕлектро хоп, хип-хоп, ацид хаус, електро хаус, денс, електро поп
Период на активност2006–денес
Издавачиwill.i.am Music, Cherrytree, Interscope Records
СоработнициКалвин Харис, The Crystal Method, Дејвид Гета, Дејвид Раш, Dirt Nasty, DJ Chuckie, Lil Jon, GoonRock, Лаурен Бенет, Наталија Килс, will.i.am
Мреж. местоlmfaomusic.com partyrockpeople.com partyrockclothing.com

Кариера

2006-07: Формирање и почетоци на кариерата

Редфу (Стефан Кендал Горди) и Скајблу (Скајлер Горди) двајцата пораснале во најбогатото соседство во Лос Анџелес, Пацифик Палисејдс, каде што тие во 2006 година ја формирале групата LMFAO. Дуото кажа дека оригиналното име на групата било Sexe Dude (Читај Sexy Dudes) и двете потоа ги промениле на совет од баба им.[5] Тие потпишаа со компанијата за снимање Interscope во ноември 2008 година.[се бара извор]

2008-09 Предизвикување слава и „Party rock“

LMFAO ја објавија Party rock EP во музичката продавница iTunes на 1 јули 2008 година, и го објавија нивниот целосен албум на 7 јули 2009 година. Албумот го освои 33 место на Билборд 200 и број два на Американската денс топ листа. Лос Анџелес Тајмс ја опиша Party rock како „14 виртуелни менливи оди на ноќниот живот“.[6]

Нивниот прв сингл беше „I’m in Miami Bitch“ или „I’m in Miami Trick “ (чиста верзија), која беше објавена во декември 2008 година и се искачи на 51 место на Billboard Hot 100 и на 37 место во Канада.

На почетокот од 2009 година малку познатиот Диџеј продуцент „Диџеј Инфинити“ создаде бутлег користејќи го ремиксот од Dj Chuckie („ДЈ Чаки“) хитот во 2008 година „Let the bass kick“ и Акапела од LMFAO создавајќи го „Bass kick in Miami“. Бутлегот беше раширен преку интернет и стана голем успех на Зимската музичка конференија во Мајами во 2009 година. Неколку недели подоцна песната стана музичка тема на телевизиското шоу Kourtney and Khloé Take Miami, а Get Crasy беше употребена за Jersey Shore во 2009 година.

LMFAO беа вклучени во сценариото на MTV The Real Worldn: Cancun во август 2009 година, кои го покриваа појавувањето на бендот во Канкун за време на Spring Break во 2009.

Исто така во 2009 година, дуото се вклучи во песната Sine language од The crystal Method.[7]

2010-11 Интернационално пробивање и „Sorry for party rocking“

Средината на 2010 година беа вклучени во песната на Дејвид Гета „Gettin' Over You“, која беше интернационален хит, искачувајќи се на првите 10 места во 11 земји а во три од нив на прво место, вклучувајќи ја и Велика Британија. Исто така се искачи на 31 место на U.S Hot 100 и 12 место во Канада. Дуото потоа во остатокот од 2010 година го снимија нивниот втор албум, Sorry for party rocking, кој беше објавен на 17 јуни 2011 година во САД. Првиот сингл земен од албумот „Party Rock Anthem“ вклучувајќи го Британскиот пејач Лаyрен Бенет и продуцентот GoonRock и покажувајќи го популарниот танц стил „Melbourne Shuffle“ во нивното популарно видео. Песната е досега најуспешна во нивната кариера искачувајќи се на првото место во САД,[8] Канада и Велика Британија и преку десет други земји, како и на првите десет места во многу други. Вториот сингл од албумот Sorry for party rocking беше објавен 27 мај 2011 година и е насловен „Champagne Showers“ вклучена е и Англиската пејачка и композиторка Наталија Килс.[9] Третиот сингл „Sexy and I’m know it“, беше објавен на 3 октомври 2011 година и го освои првото место на iTunes топ листите ширум светот и првото место на Австралиската и Канадската Hot 100. Во интервјуто за Ирскиот канал TG4, Редфу изјави дека тие работеле на видеото за нивниот следен хит Sorry for party rocking.

Во февруари 2010 година, SkyBlu беше вмешан во една расправија со политичарот Мит Ромнеј во авион за време на Зимските олимписки игри 2010 година во Ванкувер. Раперот изјави дека Ромнеј го нападнал од позади, со поставување на вулкански зафат на неговиот врат.[10] SkyBlu беше исфрлен од авионот како резултат од расправијата и беше префрлен во следниот лет. Расправијата беше наведена во видео кое покажува како SkyBlu е исфрлен од авионот од властите[11], каде SkyBlu и Редфу даваат објаснување за инцидентот.[12]

Исто така во 2011 гофина, LMFAO ја започна својата прва Азиска турнеја, беше изведена во Сингапур, Манила, Филипините, Тајпеј, Тајван и Куала Лумпур, Малезија меѓу другите градови.[13] Исто така на 30 јуни 2011 LMFAO изведуваа на Островот од MTV 2011 Маlta Special на Фосос (Granaries) во Флоријана, Малта пред толпа од 50 000 заедно со Far East Movement и Снупдог (Snoop Dogg).[14]

Покрај тоа Групата е фокусирана на растењето на нивната Party Rock модна линија и отворањето на турата на Американската пејачка Кеша „Get Sleazy Tour“ заедно со Spank Rock и Наталија Килс за третиот и петтиот пат од турнејата во 2011. На 13 август 2011 година, за Кеша на фестивалот во Квебек, Канада, отворија балон со топол воздух кој привлече близу 100,000 обожаватели.

На 29 Август 2011 година го снимија спотот за нивниот нов сингл „Sexy and I know It“, на Venice Beach во Калифорнија.[15] Порнографскиот глумец Рон Џереми е вклучен во спотот и се фокусира тематски на машките гениталии. Глумците Симон Рекс и Вилемер Валдерама, драмскиот автор Даниел Каненгејтер и боречкиот артист Алистер Оверим исто така направи камеја појавувања. Песната постигна сличен успех како Rock Party Anthem наоѓајќи се на врвот од топ листите низ целиот свет. Sexy and I’m know It стана второто дуо број еден во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Групата на 20 септември 2011 учествуваше на првото елиминационо шоу на 13-тата серија од Танцување со ѕвездите кое се емитуваше во живо.

Во октомври 2011, песната Party rock Anthem беше употребена во хаус шоу на Ноќ на вештерките , кога Јужно Калифорниски човек темпира време на популарната песна. По видеото од You Tube куќата беше вирусна, дури и добивање вести за покриеност , дуото ја посети куќата и сними Киа комерција вклучувајќи ја и куќата.[16]

Влијанија

LMFAO наведуваат широк спектар на различни влијанија, како што се рапери како Тупак Шакур, хип-хоп групи како The Black Eyed Peas, и Р&Б изведувачи како Џејмс Браун и Мајкл Џексон и рок бенодви како Битлси и Лед Цепелин.[17] И двајцата се посветени обожаватели на Мајкл Џексон и употребуваат многу од неговите танцови чекори во нивната танцова рутина. Австралискиот танцов стил Melbourne Shuffle е карактеристичен во голема мера во видеоклипот на Party Rock Anthem фузирано со хип-хоп елементи. Исто така LMFAO наведуваат огромна инспирација од Адам Голдстајн, повеќе познат како Dj AM кој прв ги запозна со електронската музика.[18] Имено, Редфу е поранешен зет на Џермејн Џексон постариот брат на Мајкл Џексон и исто така тој е и чичко на Џермен Џексон. Во 2007 година LMFAO учествуваше на Зимската Музичка Конференција во Мајами, Флорида за којшто дуото изјави дека тоа било искуство што го инспирирал нивниот музички и креативен стил.[19]

Бизнис интереси

Редфу е поранешен трговец и беше избран во шоуто на CNBC, Mad Money заедно со Џим Крамер.[20]

Дискографија

  • Party Rock (2009)
  • Sorry for Party Rocking (2011)
  • Party Rock Business (2012)

Награди и номинации

ГодинаНаградаКатегоријаДелоРезултат
2010Греми НаградиНајдобар Денс/Електро АлбумParty RockНоминација
Hip-Hop Nation AwardsНајдобра Рап Песна со Група„Shots“ во соработка со Lil JonНоминација
Најдобра Рап ГрупаLMFAOНоминација
Најдобар Нов АртистLMFAOНоминација
2011Најдобра Рап Песна„Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRockДобитник
Најдобра Рап Песна со Група„Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRockНоминација
Најдобра Рап ГрупаLMFAOДобитник
Teen Choice AwardsНајдобра Летна Песна„Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRockНоминација
MTV Video Music AwardsBest Choreography„Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRockНоминација
American Music AwardsОмилена Поп/Рок Бенд/Дуо/ГрупаLMFAOНоминација
MTV Европски Музички НаградиНајдобро новоLMFAOНоминација
Најдобро пробивањеLMFAOНоминација
2012People's Choice AwardsОмилена Песна на Годината„Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRockВо очекување
Омилено Музичко Видео на Годината„Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRockВо очекување

Наводи