ЛГБТ

(Пренасочено од LGBTQ)

LGBT / ЛГБТ или GLBT / ГЛБТ е кратенка која стои за лезбијка, геј, бисексуалец и трансродова личност. Во употреба уште од раните 1990-ти, поимот е проширена верзија на првичната кратенка LGB / ЛГБ, која е воведена како замена за поимот геј со цел пошироко опфаќање на целата ЛГБТ заедница, кон крајот на 1980-тите.[1] Кратенката, со сите свои варијанти, се користи како сеопфатен поим за најразличните типови на сексуален или родов идентитет.[2]

Шест лентно знаме на виножито што претставува ЛГБТ