4 век п.н.е.

век
(Пренасочено од IV век п.н.е.)
< 5 век п.н.е.4 век п.н.е.3 век п.н.е. >
12345678910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
919293949596979899100

4 век п.н.е. — век кој започнал на 1 јануари 400 г. п.н.е., а завршил на 31 декември 301 г. п.н.е. Овој век се смета за дел од класичната антика.

Карта на светот во 323 п.н.е. (за време на смртта на Александар Велики)

Векот бил одбележан со издигнувањето на класичната грчка цивилизација во сите нејзини аспекти. До 400 г. п.н.е. грчката филозофија, уметност, литература и архитектура била широко распространета благодарение на бројните независни грчки колонии во земјите на источното Средоземје.[1]

Веројатно најважните политички настани во овој период се освојувањата на Александар III Македонски, кои предизвикале колапс на некогашната моќна и застрашувачка Персиска империја и ширење на грчката култура далеку на исток.[2] Александар Македонски сонувал за сојуз на истокот и западот, но кога завршил неговиот краток живот, неговата огромна империја била втурната во граѓанска војна, бидејќи генералите кои ја наследиле почнале да исцртуваат мапи на нивни посебни кралства. Така започнал Хеленистичкиот период, кој бил карактеризиран со апсолутистички пристап кон владеењето, при што грчките кралеви се окитувале со кралски одбележја и воспоставиле наследна сукцесија. Бидејќи одреден степен на демократија сè уште се одржал во некои од преостанатите независни грчки градови, многу историчари го гледаат овој период како крај на класичната Грција.

Во Индија, Мауријска империја била основана во 322 г. п.н.е. од страна на династијата Нанда и брзо ја проширила својата моќ кон централна и западна Индија, искористувајќи ги несогласувањата на локалните сили, по заминувањето на армиите на Александар Македонски.[3]

Кина во 4 век п.н.е. влегла во период на постојана војна позната како Периодот на завојуваните држави.[4] Овој периодот го одбележува брзиот подем на големите држави (како на пр. Чу) во однос на помалите, благодарение на технолошкиот напредок. Иако овој период историчарите обично го карактеризираат како премногу насилен во споредба со Периодот на пролет и есен, сепак имало подем во некои културни и општествени подрачја со ширењето на различни секти на конфуцијанството и таоизмот.

Откритија

Едикт на Ашока испишан на голем столб, во Лаурија Арарај, Бихар, Индија.
  • Најстариот запис напишан на Брами писмото датира од овој период. Брами е зачетокот на индиското писмо кое се користело во поголем дел од Индија и Југоисточна Азија.
  • Римјаните го изградиле својот прв аквадукт.
  • Кинезите за првпат го користеле рачниот самострел.
  • Првиот самострел во Европа, гастрафетот, бил измислен во Сиракуза (околу 421 г. п.н.е.).
  • Во Грција, Аристотел ја предложил поделбата на познатите науки.
  • Била направена торква (вид на накит) кој на краевите имал глава од лав. Откриен е примерок кој потекнува од Суза (современ Иран), а денес се наоѓа во Музејот Лувр во Париз.
  • Персискиот дарик била монета која првично била кована под Дариј I од Персија. Денес се чува во Хеберден одделот за монети, во Ешмоловиот музеј во Оксфорд.
  • Во втората половина на 4 век п.н.е. била изградена Гробница II, наречена Гроб на Филип II Македонски, во Вергина, Егејска Македонија.
  • Почнувајќи од 309 г. п.н.е., подоцнежниот кинески историчар Сима Киан (145 г. п.н.е. – 90 г. п.н.е.) запишал дека инженерот Би Линг од скоро освоената држава Шу, во Сечуан, го пресекол работ на една планина, со што го создал „Одделениот рид“ при што се снижило коритото на реката Мо и ископал два канала во рамнината на Ченгду. Ова овозможило создавање на нов систем за наводнување за површина од околу 60 × 80 км, населена со над пет милиони жители, кој е до ден денес во употреба.[5]
  • Кинескиот астроном Ган Де ја поделил небесната сфера на 365 ¼ степени, а тропската година на 365 ¼ дена, во време кога повеќето астрономи ја користеле вавилонската поделба на небесната сфера на 360 степени.[6]
  • Бил измислен првиот логички систем од страна на Панини во Махаџанападе во древна Индија, напишан на Санскрит.

Личности

Филип II Македонски
Александар III Македонски
Демостен
Дариј III Персиски
Праксител
Платон
Аристотел
Менг Це

Ликовна уметност

  • Апел, грчки сликар
  • Кефисодот Постариот, грчки вајар
  • Леохар, грчки вајар
  • Лизип, грчки вајар
  • Праксител, грчки вајар
  • Скопас, грчки вајар и архитект

Литература

Наука и филозофија

  • Анаксимен од Лампсака, грчки реторичар и историчар
  • Антистен, грчки филозоф
  • Архит, грчки филозоф и математичар
  • Аристип, грчки филозоф и ученик на Сократ
  • Аристотел, грчки филозоф и научник
  • Ву Цин, кинески воен стратег и филозоф
  • Диоген, грчки филозоф
  • Епикур, грчки филозоф
  • Зенон од Китиум, грчки филозоф
  • Калистен, грчки историчар кој го придружувал Александар III Македонски во походот низ Азија
  • Ксенократ, грчки филозоф и ученик на Платон
  • Ксенофонт, грчки историчар и писател
  • Кратес од Теба, грчки филозоф
  • Менг Це, кинески филозоф и најславен конфуцијанец
  • Панини, индиски филозоф и писател
  • Платон, грчки филозоф и математичар, ученик на Сократ
  • Пирон, грчки филозоф и основач на ран скептицизам
  • Софокле, грчки филозоф и писател
  • Спеусип, грчки филозоф
  • Сун Бин, кинески стратег
  • Теофраст, грчки филозоф и книжевник
  • Чанакја, индиски економист и политички советник
  • Џуанг Це, кинески филозоф

Наводи