Од Википедија — слободната енциклопедија
4 век започнал на 1 јануари 301 год., а завршил на 31 декември 400 год.
Во рамките на Римското Царство , почетокот на 4 век бил одбележан од Константин Велики , првиот римски цар кој се преобратил во христијанство . Константин Велики е исто така познат по тоа што во 330 година го назначил античкиот град Византион за нов и единствен главен град на империјата, нарекувајќи го Нов Рим (подоцна во негова чест бил преименуван во Константинопол ).[1] Последниот римски цар кој владеел и со источната и со западната половина на империјата бил Теодосиј I . Системот на два императори, кој првично бил поставен од Диоклецијан во претходниот век, станал редовна практика, а истокот продолжил да расте во важност како нов центар на трговија и империјална моќ. Угледот на Рим како поранешен империјален град драстично се намалил во текот на овој век. Доцна во векот, христијанството станало официјална државна религија, а старата паганска култура на империјата полека почнала да исчезнува. Во текот на овој век во империјата генерално владеел просперитет, иако честите напади на германските племиња од север претставувале сериозен проблем од 376 година па натаму. Овие рани германски инвазии го означиле почетокот на крајот на Западното Римско Царство .[1] [2]
Во Кореја започнал периодот на Трите кралства (Пекче, Когурја и Сила), кој траел приближно 300/400 – 668 година.
Источната полутопка на почетокот на 4 век. Источната полутопка на крајот од 4 век. Народот Ноба се населил во Африка . Ран 4 век - била изградена салата за публика, денес позната како Базилика, во Трир , Германија . 301 : Ерменија прва го прифатила христијанството како државна религија.306 - 337 : Константин Велики ставил крај на прогонот на христијаните во Римското Царство , а Нов Рим (Константинопол ) станал ново седиште на владата.325 - 328 : Кралството Аксум го прифатило христијанството.325 : Константин Велики го свикал Првиот вселенски собор во Никеја , за време на Аријанскиот спор.335 - 380 : Самудрагута ја проширил империјата Гупта.337 : Константин Велики се покрстил на смртна постела.350 : Кралството Аксум го освоило Кралството Куш.350 -400 : Хунтите започнале да ја напаѓаат Сасанидското Царство .350 : Најраните познати камени натписи во Индонезија .365 : Источното Средоземје било погодено од силен земјотрес од најмалку осум удари. Цунамито предизвикано од земјотресот нанело големи штети на териториите на Крит , Грција , Либија , Египет , Кипар и Сицилија .Средина на 4 век – Биле изработени римските сребрени садови од Милденхол, Англија , кои сега се наоѓаат во Британскиот музеј во Лондон. Средина на 4 век – Ванг Ксиџи направил дел од писмо од албумот Фенг Џу, во периодот на шестте династии. Сега се чува во Музејот на Националната палата, Тајпеј , Тајван . 376 : Визиготите , бегајќи од Хуните , се населиле покрај Дунав и им бил дозволен влез во Римското Царство .378 : Битката кај Одрин: римската војска била поразена од визиготската коњаница, а царот Валенс бил убиен.378 - 395 : Римскиот цар Теодосиј I го забранил паганството , а христијанството станало официјална религија на Римското Царство .378 : Во Средна Америка , Сијај К'ак го освоил Вака на 8 јануари.378 : Во Средна Америка , Сијај К'ак го освоил Тикал на 16 јануари.378 : Во Средна Америка , Сијај К'ак го освоил Уашактун .381 : Бил одржан Вториот вселенски собор во Цариград .383 : Битката на реката Феи во Кина.395 : Смртта на римскиот цар Теодосиј I резултирала со трајно расцепување на Римското Царство .Доцен 4 век – Била направена собата на Леонис, во катакомбите на Комодила, во близина на Рим . Доцен 4 век – Бил додаден атриум на старата базилика Свети Петар во Рим . Константин Велики Констанциј I Хлор Јулијан Отпадникот, римски цар Аркадиј, римски цар Шапур II Свети Августин Хипатија Аларик I, крал на Визиготите Албија Доминика, римска царевица и регент Арбогаст, римски генерал и бунтовник Аркадиј , римски царАтлатл Кауак, владетел на Теотиуакан Басијан, римски сенатор Валериј Валенс, римски цар Валериј Ромул, римски конзул Валенс , римски царВалентинијан I , римски царВалентинијан II , римски царВалентинијан Галат, римски конзул, син и наследник на римски цар Валентин, римски бунтовник Варонијан, римски конзул, син и наследник на цар Ветранион, римски цар Гаинас, римски магистер милитум , кој кратко време презел контрола над Константинопол Галериј , римски царГилдо, римски генерал и бунтовник Годигисел, крал на Вандалите Грацијан , римски царДалмациј, римски цезар Децентиј , римски узурпаторДиоклецијан , римски царДомитиј Александар, римски узурпатор Евгениј, римски узурпатор (303-304) Евгениј, римски узурпатор (392-394) Евтропиј, римски политичар, главен советник на царот Езана, владетел на кралството Аксум Елија Евдоксија , римска царевицаЈакс Нуун Аин I, првиот Теотиуакан владетел на Тикал Јован Златоуст , патријарх царевиградскиЈовијан , римски царЈулијан Отпадникот , римски царЈустина, римска царевица и регент Калоцер, римски узурпатор Клавдиј Силван, римски генерал и узурпатор Констанс I , римски царКонстантина, римска августа Константин Велики , римски царКонстантин II , римски царКонстанциј I Хлор , римски царКонстанциј II , римски царКонстанциј Гал, римски цезар Крисп, римски цезар Лициниј , римски царЛициниј II, римски цезар Магенциј, римски узурпатор Магнус Максим, римски цар Марцел , римски узурпаторМартинијан, римски цар Максенциј , римски царМаксимијан , римски царМаксимијан II, римски цар Непотијан, римски узурпатор Прокопиј , римски узурпаторРуфин, римски политичар, преторијански префект на истокот Салутиј, римски политичар, преторијански префект на истокот, кандидат за царскиот престол Самудрагупта, император на Гупта Стилихон, римски магистер милитум Теодор, римски узурпатор Теодосиј I , римски царФаксиан, кинески будистички монах Фирм, римски узурпатор Флавиј Валериј Север, римски цар Флавиј Виктор, римски цар Флавиј Северијан, римски политичар, син и наследник на император Фу Џиан, кинески цар основач на поранешниот Чин Фу Џиан, цар на поранешниот Чин Ханибалијан, римски политичар Хонориј , римски царЧак Ток Ичаак I, владетел на Тикал Чандрагупта I, Гупта император Чандрагупта II, Гупта император Шапур II Велики, крал (шах) на Сасанидското Царство Ши Ан, кинески државник Ванг Шиенчи, кинески калиграф Ванг Шичи, кинески калиграф Веј Шуо, единствената жена калиграф во кинеската историја Аурелиј Пруденциј Клеменс (Пруденциј), римски поет Гај Ветиј Аквилин Јовенк (Јовенк), римски писател и композитор Ге Хонг, кинески писател Децимиус Магнус Авсониј (Авсониј), римски поет Јероним Стридонски, христијански свештеник, монах и преведувач Квинт Смирнски, грчки поет Клавдиј Клаудијан (Клаудијан), римски поет Публилиј Оптатијан Порфириј (Порфириј), римски поет Салустиј, римски писател и филозоф Фалтонија Бетиција Проба, римска христијанска поетеса Августин , христијански теолог, епископ на ХипонАмвросиј Медиолански, христијански теолог, црковен отец, епископ милански Василиј Велики , христијански теолог, епископ на Кесарија во Кападокија Вулфила, аријански свештеник и преведувач на Библијата на готски јазик Григориј Назијанзанин , христијански теолог, епископ на НазијанзДао’ан, кинески будистички монах, преведувач Ефрем Сириски, сириски ѓакон и теолог Кумараџива, индиски будистички монах, преведувач Лактанциј, христијански теолог, советник на Константин I Месроб Машдоц , ерменски монах, теолог и изумител на ерменската азбукаТеодор, христијански теолог, епископ на Мопсуестија Амијан Марцелин , римски историчарАмониј Хермие, грчки филозоф Аврелиј Виктор, римски историчар Гуо Сјанг, кинески научник Евсевиј Кесариски , грчки историчарЕвтропиј, римски историчар Јамблих, неоплатонистички филозоф Прокло, грчки филозоф Сун Шенг, кинески историчар Темистиј, грчки реторичар и филозоф Хипатија Александриска , грчки филозоф, математичар и астрономУзенгијата била измислена во Кина пред 322-ра година.[3] [4]