DNK

DNK — македонска поп група. Основана е во 2002 година. Членови на групата се Владимир Блажев - Панчо (роден 29 јули 1979 во Скопје) и Андреја Ѓорѓиески - Андреј (роден 9 февруари 1982 во Скопје).[1]

DNK
Роден(а)Скопје
Жанр(ови)поп

Кариера

Како артисти со претходно музичко искуство и образование (Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК - Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Вториот сингл „Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот EP албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на деби албумот „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија донесе неколку светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ (за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура.

Во 2010 година тие го издаваат деби албумот насловен “Кажано е се”, преку нивната матична куќа „Продукција Република“, како продуцент се јавува Врчак, а албумот се состои од 18 песни, меѓу кои сингловите “Полна месечина”, “Пази се од мене”, “Навлечен на тебе”, “Таа тоа го крие” и други.[2] Една година подоцна, во септември 2011, ДНК го одржува својот прв соло концерт во Метрополис Арена во Скопје.[3]

Во јуни 2012, тие го издаваат синглот “Авион”, како најава за претстојниот албум “Срце”. Албумот “Срце”, издаден во 2013 година, има 15 песни, вклучувајќи ги песните како “Дада”, “Што сака нека биде”, “Од утро до мрак” и други.[4][5]

Неколку месеци подоцна, во септември 2012, ДНК одржува акустичен концерт во Универзална Сала Скопје,[6] поддржани од камерен оркестар и бенд во живо.[7]

Во 2016, тие го издаваат албумот “Уште еден ден”.[8][9] Овој албум има 12 песни, меѓу кои: “Само таа знае како”, “Најмила”, “Темно е”, “Она е од Шутка”.[10][11]

Во мај 2017, ДНК слави 15 години постоење со концерт во Метрополис Арена во Скопје.[12][13]

Во 2018, тие ја издаваат компилацијата “The Best Of”, која содржи 22 популарни песни и бонус песната “Дијамант”.[14]

Во 2019, ДНК издава 4 синглови: “Кога би знаела се”[15], “Ромео и Јулија”[16], “Ние”[17] и “Горе или доле”.[18][19]

На почетокот на 2020 година тие го издаваат последниот сингл насловен “Јави ми" со анимирано видео.[20] Во март, тие оддржаа онлајн концерт на YouTube и Facebook.[21]

Дискографија

Албуми и компилации[22]

ДНК има издадено 3 студиски албуми, една "best of" компилација и едно EP

ДНК - албуми, компилации и EP
насловгодинаброј на песни
Пази дете2005
Кажано е се201018
Срце201315
Уште еден ден201612
DNK - The Best of201822

Видео записи[23]

СпотГодинаРежисер
Девојка за везден2002
Пази дете2003
Благодарам однапред2004
Полна месечина 2008Владимир Митревски-Ѓуле
Навлечен на тебе2008Владимир Митревски-Ѓуле
Змеј 2009Владимир Митревски-Ѓуле
Пази се од мене 2009
Едно тело 2010Огнен Шапковски
Спонзоруша 2011
Кажано е се 2011
DADA 2011Томато продукција
Од утро до мрак2011Томато продукција
Авион 2012
Диско џунгла2012Томато продукција
Старлета 2013Томато продукција
Што сака нека биде 2013
Север и југ 2014Томато продукција
Опуштено 2014
Она е од Шутка 2014Томато продукција
Најмила 2015Томато продукција
Само таа знае како 2016Томато продукција
Стојам сам 2016
Јас и ти 2016Томато продукција
Аеродром 2016Томато продукција
Звер 2016Владимир Митревски-Ѓуле
Некој друг2017Томато продукција
Уште еден ден2017Томато продукција
Невозможна мисија2017Даниел Јовески
Пола човек2018Александар Ристовски - Принц
Дијамант2018Александар Ристовски - Принц
Кога би знаела се2019CRNI SRBI PRODUCTION
Горе или Доле2019Даниел Јовески
Ромео и Јулија2019Илија Димкоски
Ние2019Даниел Јовески
Јави ми2020Никола Димов
Денови во ноќи2021Даниел Јовески
Кобра2021Валон Азири
Сите патишта2021
Ваков таков2021
Ако утре ме нема2022Владимир Митревски-Ѓуле
Милион денови2022Владимир Митревски-Ѓуле
Романи2022Даниел Јовески

Наводи