Baby Boy (песна на Бијонсе Ноулс)

Baby Boy“ е песна снимена од американската Р&Б пејачка, Бијонсе Ноулс заедно со реге пејачот од Јамајка, Шон Паул. Песната е продуцирана од Скот Сторл за првиот студиски албум на Ноулс, Dangerously in Love (2003). Песната е напишана од Ноулс, Сторч, Паул, Роберт Валер и Џеј-Зи. Откако била официјално испратена до радијата во САД на 3 август 2003, песната била издадена физички од 7 октомври 2003 како вториот сингл од албумот преку издавачката куќа Columbia Records.

„Baby Boy“
Сингл од Бијонсе и Шон Пол
од албумот Dangerously in Love и Dutty Rock
Издаден3 август 2003
ФорматЦД сингл, 12" сингл
Снимен2006, South Beach Studios, Мајами, Флорида[1]
Жанрденсхал, поп, реге фјужн
Должина4:04
Издавачка куќаColumbia
КомпозиторБијонсе Ноулс, Скот Сторч, Шон Паул Хенрикес, Роберт Валер, Шон Картер
ПродуцентСкот Сторч
Хронологија на синглови на Бијонсе и Шон Пол
„Crazy in Love“
(2003)
Baby Boy
(2003)
„Fighting Temptation“
(2003)

„Baby Boy“ е Р&Б–реге песна чиј текст ги покажува фантазиите не една жена, а бидејќи е во контекст со темата на албумот, Ноулс смета дека тие чувства се лични за неа. Песната се сметала како продолжение на соработката на Ноулс во 2002 со Џеј-Зи на „'03 Bonnie & Clyde“. По нејзиното издавање, „Baby Boy“ била критички пофалена. Музичките критичати генерално го пофалиле обидот за вклучување на индискиот и блискоисточнен стил во песната. Некои од нив го навеле внесувањето на денсхал влиајнија со главните жанрови на синглот и ја сметале соработката на Ноулс со Паул како една од најдобрите на албумот.

„Baby Boy“ имал голем комерцијален успех и останал на првото место на табелата Билборд Хот 100 девет последователни недели. Добил платинска сертификација во САД и бил најдоло задржаниот број-еден дингл на Ноулс сè до „Irreplaceable“ (2007), кој останал десет последователни недели. „Baby Boy“ исто така се искачил и интернационално, меѓу првите десет синглови во повеќе држави вклучувајќи ги Австралија, Белгија, Данска, Франицја, Ирска, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство, а добил и платински статус во Австралија и Нов Зеланд.

Музичкото видео за песната е режирано од Џејк Нава, кој исто така го снимил видеото за „Crazy in Love“. Видеото претежно ја покажува Ноулс како игра на различни лопкации. „Baby Boy“ останал и на списокот на изведувани песни на Ноулс на нејзините концерти. Американското друштво на композитори, автори и издавачи (ASCAP) ја признало песната на Поп Музичките Награди од 2005, како една од најизведуваните песни на годината. Во 2005, американската пејачка-текстописец, Џенифер Армур поднесла тужба за кршење на авторските права, тврдејќи дека Ноулс ги искористила основните музички делови од нејзината песна „Got a Little Bit of Love for You“. Тужбата била решена во корист на Ноулс.

Позадина и пишување

Во 2002, Ноулс заминала во Мајами, Флорида, САД, за да работи со американскиот снимачки продуцент Скот Сторл на нејзиниот прв соло албум, Dangerously in Love.[1] Таа и Сторч ја напишале „Baby Boy“, со дополнувања од американскиот текстописец Роберт Валер и долгогодишното момче на Ноулс, хип-хоп артистот Џеј-Зи.[1] Песната исто така, содржи и лирски интерполација на „No Fear“ од хип-хоп групата O.G.C. користена кон крајот на песната: „We steppin' in hotter this year“.[2]

Кога песната била направена, Ноулс имала идеја дека би било „одлично“ кога јамајскиот денсхал-реге артист Шон Пол би придонел вокал за песната.[2] Ноулс му се јавила на Паул за можна соработка за „Baby Boy“.[3][4] Шон Пол се согласил и одетал од Јамајка за да ги почнат снимачките сесии за песната.[2] Тој придонел за диџејскиот стих и тие го завршиле снимањето за „Baby Boy“ во март 2003, во текот на подоцнежните фази на снимање на албумот.[3]

Музика и тема

„Baby Boy“ е Р&Б песна во средно темпо изведувана во умерен ритам. Компонирана е во Це-мол тоналитет и е поставена на деведесет и два удари во минута во вообичено време.[5] „Baby Boy“ е хибрид од Р&Б и денсхал[6] и има реге влијанија.[7] Знаењата на Сторч за индиската и блискоисточната музика влијае на неговите источни влијанија,[8] односно на арабиската музика.[9] Нил Драминг од магазинот Entertainment Weekly рекол дека „'Baby Boy' носи завртување на боливудското мало, со Шон Пол кој рапува користејќи реге“.[10] Песната е изградена од „удари кои звучат како кастањети“,[11] и вклучува синтизирани удари со раце.[12] Според Fox News Channel, „Baby Boy“ е заснована на реге песната од 1995, "Here Comes the Hotstepper" од пејачот од Јамајка, Ини Камозе.[13]

„Baby Boy“ е продолжение на „'03 Bonnie & Clyde“; песна од 2002 со Џеј-Зи.[3] Текстот ги покажува фантазиите на жена за кои Ноулс смета дека се лични за неа, задржувајќи се на главната тема на албумот.[4] Пол забележал, „Таа ми кажува за нејзините фантазии и ме слика мене и неа одејќи ваму и таму, насекаде низ светот ... Јас ѝ возврачам назад, 'Јас сум со тебе'.“[3] Стиховите се изградени во тост-рефрен-стихувана форма, Шон Пол врши диџеинг, додека Ноулс ги пее сите други стихови и рефрени. Шемата се повторува двапати; следи рефрен и стих, решавање на диџеингот и завршните стихови.[2]

Издавање и прием

Ноулс ја пее „Baby Boy“, поддржана од двајца танчери

„Baby Boy“ била издадена како втор сингл од албумот Dangerously in Love. Песната офцијално била испратена до радијата во САД на 3 август 2003 под формати кои вклучувале ритмички[14] и Топ 40 ерплеј.[15] „Baby Boy“ била издадена како макси сингл во Канада на 7 октомври 2003,[16] ЦД сингл во Германија на 13 октомври 2003[17] и во САД наредниот датум преку истиот формат.[18] Различна верзија на песната се појавила на вториот албум на Шом Пол наречен Dutty Rock.[19]

„Baby Boy“ била добро прифатена од критичарите. Прегледувачот од магазинот Роулинг Стоун, Антони Декуртис напишал дека Бијонсе звучела како да „има забава“ за време на песната,[20] додека Стефен Томас Ерлевин од Allmusic, онлајн база на податоци, ги опишал вокалите на Ноулс како „уверени и секси“.[21] Марк Антони Нил од меѓународниот онлајн магазин PopMatters, ја сметал песната како една од „високите соработки“ од Dangerously in Love.[22] Лиса Верико од дневниот весник во САД, Тајмс, ја опишала песната како „Латино соработка [...] Пол прави реге рап во средината, но потоа Бијонсе полурапува кажувајќи дека парот има вистинска хемија“.[11] Јанси Стриклер од магазинот Флак напишал дека „пелтечењето на 'Baby Boy' е подобрено од монотониот денсхал рап на Пол“.[23]

Џејмс Антони од британскот весник The Guardian рекол дека песната го „премостува јазот меѓу жанровите на Р&Б и денсхал“.[24] Пишувачот Натали Николс од Лос Анџелес Тајмс рекол дека „хаус-зачинетиот 'Baby Boy' успешно го приклучува задишаното готвење [на Ноулс] со хипот, интересна продукција.“[7] Британската издавачка куќа EMI била почестена од Американското друштво на композитори, автори и издавачи (ASCAP) за време на поп музичките награди од Pop како Издавач на Годината за „Baby Boy“, покрај другите песни.[25] SСкот Сторч освоил Текстописец на Годината на истиот настан.[25]

Успех на табелите

„Baby Boy“ се искачил на комерцијалните табели пред неговото физичко издавање во САД. Песната довела до повисок пласман на Dangerously in Love на табелата Билборд 200 и помогнал албумот да постигне мулти-платинеста сертификација во САД.[26] Синглот за првпат се искачил на Билборд Хот 100, официјалната табела за синглови во Америка, на педесет и седмото место, додека „Crazy in Love“ бил сè уште на првата позиција.[27] „Baby Boy“ доминирал на радијата во САД и многу брзо го освоил првото место на Хот 100.[28][29][30] Се искачил на првото место седум недели по неговото прво искачување и останал таму девет последователни недели.[30][31] Синглот останал една недела подолго отколку „Crazy in Love“, со што станал најдоло-искачуваниот број-еден сингл на Ноулс. Ова не било срушено сè до синглот на Ноулс од 2006, „Irreplaceable“, од нејзиниот втор студиски албум B'Day (2006), кој поминал десет недели на највисоката позиција кон крајот на 2006 до почетокот на 2007 поради големата застапеност на радијата.[32] Синглот останал на Хот 100 дваесет и девет недели,[33] и добил платинеста сертификација од RIAA на 6 јуни 2006.[34] „Baby Boy“ имал голем успех на Билборд кросовер и на современите радио табели, појавувајќи се на Топ 40 Песни, Ритмички Топ 40 и Топ 40 Мејнстрим, како и на Хот 100 Ерплеј, Хот Денс Ерплеј и Хот Денс Музика/Клуб Плеј.[35][36][37][29] Од 6 октомври 2010, „Baby Boy“ продал 6,000 физички копии во САД.[38]

Интернационално, „Baby Boy“ настапил добро, искачувајќи се меѓу првите десет места на повеќе табели. Синглот за првпат се искачил во Обединетото Кралство што станало и неговото највисоко искачување на интернационалните табели.[39] Иако поминал единаесет недели на табелата, не успеал да се искачи на првото место (бил задржан од „Where Is the Love?“ од The Black Eyed Peas).[39] Во повеќето европски држави, синглот навлегол во топ десет. Во Австралија и Нов Зеланд, „Baby Boy“ се искачил на третото и второто место.[40][41] Добил платинеста сертификација од Австралиска музичка индустрска асоцијација за 70,000 продадени копии.[42]

Музичко видео

Ноулс изведува рутина слична на онаа во музичкото видео (лево) за „Baby Boy“.

Музичкото видео за „Baby Boy“ било снимено од англискиот режисер Џејк Нава, кој го режирал и видеото за претходниот сингл на Ноулс „Crazy in Love„. Било снимено во Мајами, Флорида на 7 и 8 август 2003. Делови од видеото биле снимени во куќа со соби направени во различен стил: една во јапонски стил и една во стар англиски стил.[43]

Сцените кои ги прикажуваат Ноулс и Пол се покажани одделно. Видеот започнува со Пол кој седи на престол додека рапува; Ноулс се наведнува на ѕид и танцува. Во следната сцена, може да се види Ноулс која лежи на кревет и се превртува. Пол е покажан со неколку жени кои лежат на подот и се милуваат меѓу себе. Ноулс оди кон плажата; забелжува маж и тие двајца се допираат и флертуваат. На забава, Ноулс игра со друг маж. Потоа подот се поплавува со вода додека таа пее „подот за танцување станува море“. Оригиналната песна е интерполирана кон крајот со арапска инструментална музика, дизајнирана за музичото видео. Овој дел го прикажува енергичното танцување на Ноулс на песокот.

Сал Кинкемани од онлајн публикацијата Слант Магазин, го опишал видеото како „бебешки следбеник“ на видеото на „Crazy in Love“.[44] „Baby Boy“ премиерно бил покажан на програмата на MTV. Total Request Live на 25 август 2003 на десеттото место и го достигнал највисокото место.[45][46] Останал на шото четириесет и еден ден, истиот период кој го поминал „Me, Myself and I“.[45]

Настапи во живо

Ноулс ја изведува „Baby Boy“ за време на концертната турнеја од 2005 на Destiny's Child, Destiny Fulfilled ... And Lovin' It.

Ноулс ја извела песната „Baby Boy“ за време на МТВ Видео Музички Награди од 2003.[47] Таа ја испеала песната во мешавина со претходно снимени вокали од Шон Пол и исто така ја извела „Crazy in Love“ со Џеј-Зи.[48] Подоцна ја изела „Baby Boy“ на MTV Европските Музики Награди од 2003 со Шон Пол.[49] „Baby Boy“ била вклучена во сет-списокот на концертните турнеи на Ноулс. Песната била отворачка песна на нејзината Dangerously in Love Светска Турнеја која започнала кон крајот на 2003. За време на турнејата, таа се појавила од таванот на арената и била спуштена на црвената сала[50]—настап што таа го искоритила на MTV ВМГ. Снимката од лондонската Вимбли Арена во Обединетото Кралство е вклучена во ДВД-то Live at Wembley кое било издадено на 27 април 2004. Ноулс ја изведувала песната за време на сет-списокот на турнејата Destiny Fulfilled ... And Lovin' It од Destiny's Child и потоа се појавила на ДВД-то Destiny's Child: Live in Atlanta.[51]

Како дотаток на овие настапи во живо „Baby Boy“ била дел од сет-списокот на The Beyoncé Experience во Лос Анџелес и I Am... Турнејата за време на различни места вкчучувајќи ги Одисеј Арената во Северна Ирска, O2 Арената во Лондон, Атина во Грција и Сиднеј во Австралија.[52][53] На 5 август, 2007, Ноулс ја извела песната во Медисон Сквер Гарден во Менхетен, носејќи танцувачка облека.[54][55] Таа се спуштила по скалите држејќи чадор и била пречекана од страна на трите момчиња облечени во униформа.[55] Кратка секција од класичната реге песна „Murder She Wrote“ била усвоен во „Baby Boy“.[55] Џон Парелес од Њујорк Тајмс ја пофалил изведбата, изјавувајќи: „На Бијонсе не ѝ треба одвлекување од нејзиното пеење, кое може да биде кое може да биде воздушесто или металично, насолзено или опасно, скорострелно со продолжени слогови. Но, таа беше во постојано движење, во костими [...]“.[54] Во Лос Анџелес во Степлс Ценарот на 2 септември 2007, Ноулс имала целосна изведба на песната, облечена во црно. Била дополнето од неколку женски и машки танчери и инструментавија во живо.[56] Ноулс исто така провала да го ре-продуцира танцот кој го танцувала во музичкото видео за време на почетокот на третиот стих. Таа повторно ја вмешала реге песната „Murder She Wrote“.[51]

Кога Ноулс ја изведувала песната во Санрајс, Флорида на 29 јуни 2009, носела златно трико. Кога нејзиниот настап започнал, таа била крената во воздухот, a потоа спуштена на сцената каде ја довршила изведбата. Додека пеела, анимирани графики од маси кои се превртувале и други анимации била прикажани зад неа, а настапот го надополнувале и танчеи и музичари.[57] Ноулс била придружена од нејзините двајца тапанари, двајца клавијатуристи, удирачки инструмети, дувачка секција, тир позадински вокали наречени Mamas и водечкиот гитарист, Биби Мекгил.[58] „Baby Boy“ била вклучена на нејзините албуми во живо The Beyoncé Experience Live (2007),[59] и делук изданието од I Am... World Tour (2010).[60] На ASCAP Поп Музичките Награди, „Baby Boy“, заедно со песните „Me, Myself and I“ и „Naughty Girl“, биле претставени како едни од нејизвеуваните песни на годината.[61]

Тужба за кршење на авторските првата

Во 2005, америкснакиот пејач-текстописец Џенифер Армур поднесол тужба за кршење на авторски права, тврдејќи дека Ноулс искористила текст од неговата песна „Got a Little Bit of Love for You“.[62][63][64] Во 2003, поранешната издавачка куќа на Армур испратила демо снимки до издавачките куќи, вклучувајќи ги и Columbia Records од Ноулс и Atlantic Records од Шон Пол.[65][66] Според окружниот суд, сведок експерт утврдил дека песната е „суштински слична“ (барање за прекршочно наоѓање). Со преглед на музиката, експертот изјавил во неговата изјава, „Кога слушните споредби на двете песни Архивирано на 22 јануари 2009 г. се во Це-мол (за лесна споредба) и презентирани во A–B–A–B, дури и најмалку ориентираниот слушач ќе открие дека песните се слични; Јас можам да речам дека многу слушачи можат дури да помислат деека се работи за иста песна! И повторно, со транспонираната песна за оваа намена не се менува секој од основните квалитети или одлики на песната, туку само му помага на способноста на оние кои се запознаени со техниките на музика во правење споредба.“ Судијата на окружниот суд одлучила дека таа, самата, не можела да ги слушне на сличностите помеѓу двете песни и го отфрлила случајот, негирјќи на предлогот за песните или случај да бидат сослушани од страна на жирито.[64]

На жалба, на Соединетите Американски Држави на Апелациониот суд за Петтото коло ја потврдила пресудата на окружниот суд, но владееле различни расудувања. Тие сметале дека немало прекршување врз основа на тврдењето дека била примена демо лентата од Армур кратко време по пишувањето на Ноулс додека нејзината песна била значително завршена. Сепак, судот не се осврнал на прашањето на значајно сличност.[66][67]

Формати и списоци на песни

  • 12" Макси Сингл[40]
  1. „Baby Boy“ (Албум верзија) – 4:04
  2. „Baby Boy“ (Junior Vasquez Club Anthem Ремикс) – 8:50
  3. „Baby Boy“ (Maurice's Nu Soul Микс) – 6:14
  4. „Baby Boy“ (Maurice's Nu Dub Baby!) – 6:30
  • Европски Макси ЦД[68]
  1. „Baby Boy“ (Албум верзија) – 4:04
  2. „Baby Boy“ (Maurice's Nu Soul Микс) – 6:14
  3. „Baby Boy“ (Junior's Padapella) – 3:58
  4. „Krazy In Luv“ (Adam 12 So Crazy Ремикс) – 4:30

  • Германски ЦД сингл[17]
  1. „Baby Boy“ (Албум верзија) – 4:04
  2. „Baby Boy“ (Junior's Padapella) – 3:58

Табели и сертификации

Неделни табели

Табела (2003–04)Највисока
позиција
Австралија[40]3
Австрија[69]18
Белгија (Фландрија)[70]11
Белгија (Валонија)[68]7
Данска[71]6
Холандија[72]8
Европски Хот 100 Синглови3
Франција[73]8
Ирска[74]6
Италија[75]12
Нов Зеланд[41]2
Норвепка[76]10
Шведска[77]5
Швајцарија[78]5
Обединето Кралство[79]2
САД Билборд Хот 100[80]1
САД Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни[80]1
САД Хот Денс Клуб Песни[81]2
САД Мејнстрим Топ 40 (Поп Песни)[82]1

Годишни табели

Табела (2003)Позиција
Австралија[83]32
Австралија (Урбани синглови)[83]16
Белгија (Фландрија)[84]77
Белгија (Валонија)[85]83
Италија[86]42
Швајцарија[87]29
Обединето Кралство[88]97
САД Билборд Хот 100[89]12
САД Хот Р&Б/Хип Хоп Песни[90]16
САД Поп Песни[91]14
САД Ритмички Песни[92]13
Табела (2004)Позиција
Австралија (Урбани синглови)[93]35
САД Билборд Хот 100[94]69

Табели кон крајот на деценијата

Табела (2000–2009)Позиција
САД Билборд Хот 100[95]40

Сертификации

Регион (доделувач)Сертификација
Австралија (ARIA)Платина[42]
САД (RIAA)Платина[34]

Графичка прецесија и успех

Претходник
„Frontin'“ од Фарел и Џеј-Зи[96]
Број-еден сингл на Билборд Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни[97]
27 септември 2003 – 25 октомври 2003
Наследник
„Stand Up“ од Лудакрис и Шавна[98]
Претходник
„Shake Ya Tailfeather“ од Нели, П. Диди и Марфи Ли[99]
Број-еден сингл на Билборд Хот 100[100]
4 октомври 2003 – 29 ноември 2003
Претходник
„Just the Way You Are“ од Милки[101]
Број-еден сингл на Билборд Хот Денс Ерплеј[102]
15 ноември 2003
Наследник
„Something Happened on the Way to Heaven“ од Дебора Кокс[103]

Наводи

Надворешни врски