9 декември (настани)

шаблон на Викимедија
1824 Легендарниот латиноамерикански водач Симон Боливар ја поразил шпанската војска во историската Битка кај Ајакучо, Перу.
1905 Во Франција со указ е извршено одвојувањето на државата и црквата.
1940 Втора светска војна: Во Северна Африка почна офанзивата на VIII Британска армија против германските окупациони трупи.
1961 Тангањика, поранешната британска колонија, стана независна држава во рамките на Комонвелтот, а од 09.12.1962 година стана Република. Две години подоцна, на 26 април 1964 година со обединувањето на Тангањика и на Занзибар настана Обединета Република Танзанија.
1997 Во Брисел, генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка.