5 јуни

датум
01
02030405060708
09101112131415
16171819202122
23242526272829
30 

5 јуни — 156-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар(157-ми во престапна година). Остануваат 209 дена до крајот на годината.

Настани:

1827 Во турско-грчката војна, турската војска го освоила Акропол и влегла во Атина.
1944 Втора светска војна: Над 1.000 британски бомбардери исфрлиле преку 5.000 тони бомби над Нормандија, во подготовка на десантот следниот ден - Денот Д.
1947 Во говорот пред Харвардскиот универзитет, државниот секретар на САД Џорџ Маршал предлага економска помош за обнова на западна Европа - зачеток на тн. Маршалов план.
1968 Претседателскиот кандидат во САД Роберт Кенеди е застрелан во Лос Анџелес од палестинецот Сирхан Сирхан и умрел следниот ден.
1972 Во Стокхолм е одржана Првата конференција на ОН за животна средина. Оттогаш 5 јуни е прогласен за Светски ден за заштита на животната средина.
1992 Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија.

Родени:

469 п.н.е. Сократ — атински филозоф.
1341 Едмунд — Прв војвода од Јорк.
1723 Адам Смит — шкотски економист и филозоф, основоположник на современата економија.
1819 Џон Куч Адамс — англиски астроном и математичар.
1878 Панчо Вилја — мексикански револуционер.
1898 Фредерико Гарсија Лорка — шпански поет и драматург.
1901 Анастасија Николаевна Романова — најмладата ќерка на Николај II.
1931 Антун Врдољак — хрватски глумец, режисер и политичар.
1931 Жак Деми — француски режисер.
1933 Велимир Бата Живоиновиќ — југословенски и српски глумец.
1946 Стефанија Сандрели — италијанска глумица.
1947 Лори Андерсон — американска авангардна музичарка.
1955 Питер Ерскин — американски џез-музичар, член на групата Ведер рипорт (Weather Report).
1955 Аки Рахимовски — хрватски пејач, член на групата Парни валјак.
1967 Јан Питлик — дански ракометен тренер.
1971 Марк Волберг — американски глумец.
1979 Антонија Шола — хрватска пејачка.
1981 Карлос Баредо — шпански велосипедист.
1991 Мартин Бејтвејт — дански фудбалер.
1997 Киран Тирни — шкотски фудбалер.
1998 Јулија Липницкаја — руска уметничка лизгачка.

Починале:

1296 Едмунд — Прв Ерл од Ланкастер.
1316 Луј Xкрал на Франција.
1826 Карл Марија фон Вебер — германски композитор (р. 1786.).
1970 Џузепе Унгарети — италијански поет.
2004 Роналд Реганпретседател на САД (р. 1911.).
2015 Ник Марш — рок-пејач, член на групата „Флеш фор Лулу“ (Flesh for Lulu.

Празници:

Светски ден за заштита на животната средина.