5 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

5 мај — 125-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (126-и во престапна година).Остануваат 240 денови до крајот на годината.

Настани:

553 Јустинијан I го свикал Петтиот вселенски собор во Цариград.
1494 Кристофер Колумбо го открил островот Јамајка.
1891 Петар Илич Чајковски диригирал на отворањето на концертната сала „Карнеги Хол“ во Њујорк.
1936 Војската на фашистичка Италија под команда на генералот Пјетро Бадољо го окупирале главниот град на Етиопија, Адис Абеба.
1961 Во Флорида, САД од лансирната рампа на Кејп Канаверал, Алан Шепард со вселенски брод е лансиран како прв американски космонаут во вселената.
1993 Република Турција и Република Македонија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.

Родени:

1813 Серен Кјеркегор — дански филозоф.
1818 Карл Маркс — германски политички филозоф и економист.
1846 Хенрик Шенкевич — полски писател.
1883 Петар Коњовиќ — српски композитор.
1909 Миклош Радноти — унгарски поет.
1920 Боро Андов — македонски поет за деца.
1924 Незир Незири — македонски учител.
1925 Жељко Чајковски — хрватски и југословенски фудбалер.
1927 Крум Монев — македонски борец.
1943 Игнасио Рамоне — шпански новинар и писател.
1934 Даница Ручигај — македонска поетеса.
1938 Јежи Сколимовски — полски режисер и глумец.
1945 Јижи Свобода — чешки режисер и политичар.
1947 Војкан Борисављевиќ — српски композитор.
1959 Рок Копитар — словенечки и југословенски атлетичар.
1963 Џејмс ЛаБривокалист на Dream Theater.
1966 Сергеј Станишевпремиер на Бугарија.
1968 Бобан Бабунски — македонски фудбалер.
1980 Јоси Бенајун— израелски фудбалер.
1985 Емануеле Џакерини— италијански фудбалер.
1988 Адел— британска поп-пејачка.
1992 Горан Чаушиќ— српски фудбалер.
1998 Арина Сабаленка — белоруска тенисерка.
2003 Карлос Алкарас — шпански тенисер.

Починале:

1821 Наполеон Бонапарт — француски цар и војсководец.
1860 Рене Лалик — француски дизајнер.
1995 Михаил Ботвиник — руски шахист.
2024 Сезар Луис Меноти — аргентински фудбалер и тренер.
2024 Бернард Хил — англиски глумец.