4 ноември

датум
<<ноември>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
2024

4 ноември — 308-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(309-и во престапна година). Остануваат 57 денови до крајот на годината.

Настани:

1814 Прогласен е норвешкиот устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку личен сојуз.
1893 (23 октомври по стариот календар) Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, формирана е Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери.
1944 Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.
2004 САД ја признаа Република Македонија под уставното име.

Родени:

1575 Гвидо Ренииталијански сликар.
1840 Огист Роден — француски вајар.
1905 Драгутин Тадијановиќ — хрватски поет.
1929 Мира Бањац — српска и југословенска театарска и филмска глумица.
1953 Марина Туцаковиќ — српска авторка на текстови за песни.
1956 Џордан Рудесклавијатурист на американската група Dream Theater.
1959 Дејан Цукиќ — српски и југословенски рок-пејач.
1972 Луис Фиго — португалски фудбалер.
1975 Едуард Кокшаров — руски ракометар.
1978 Горка Вердуго — шпански велосипедист.
1992 Карлос Верона — шпански велосипедист.
1998 Ашраф Хакими — марокански фудбалер.
2001 Максим Мухин — руски фудбалер.

Починале:

1847 Феликс Манделсон - Бартолди — германски композитор, пијанист и диригент.
1994 Сем Френсис — американски сликар.
1994 Фред Смит — американски рок-музичар.