4 август

датум

4 август — 216-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(217-и во престапна година).Остануваат 149 денови до крајот на годината.

<<август>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
2024
Перси Биш Шели

Настани:

1914 Во текот на Првата светска војна, Германија врши инвазија врз Белгија. Како одговор на ова, Велика Британија и објавува војна на Германија. САД објавува неутралност.
1936 Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства.
1944 Во Амстердам, Холандија, фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15-годишната Ана Франк, која со својот Дневник остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна.
1984 Горна Волта го променува своето име во Буркина Фасо.
1993 Исламската Република Иран ја призна Република Македонија.

Родени:

1792 Перси Биш Шелианглиски поет.
1859 Кнут Хамсуннорвешки писател и Нобелов лауреат од 1920 година.
1900 Луј Армстронгамерикански џез музичар и трубач.
1940 Абдураман Вахид — четврти претседател на Индонезија.
1947 Клаус Шулцегермански композитор.
1957 Валдис Валтерс — латвиски и советски кошаркар.
1969 Макс Кавалера — бразилски рок-музичар.
1975 Аднан Гулшаир ел Шукријумах — член на терористичката организација „Ал-Каеда“.
1982 Лука Антонини — италијански фудбалер.
1985 Антонио Валенсија — еквадорски фудбалер.

Починале:

1060 Анри I — француски крал.
1875 Ханс Кристијан Андерсендански писател.
1890 Иван Мажураниќхрватски поет и политичар.
1908 Радое Домановиќ — српски писател.
1911 Александар Радев — бугарски политичар.
1981 Драган Бојаџиев — македонски музички публицист.
1984 Ричард Бартон — велшки глумец.
2020 Рајко Дујмиќ — хрватски поп-музичар.