3 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

3 мај — 123-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (124-и во престапна година).Остануваат 242 денови до крајот на годината.

Настани:

1500 Португалскиот мореполовец Педро Алварес Кабрал го открил Бразил и го прогласил за имот на Португалија.
1791 Донесен е т.н. Устав од 3 мај, а подоцна истиот ден бил усвоен од Сејмот на Полско-литванската Државна Заедница. Овој устав бил втор во Европа и трет во светот (прв устав претставува уставот на Сан Марино, а втор е американскиот устав од 1787 година).
1814 Францускиот крал Луј XVIII се вратил во Париз по поразот на Наполеон во Битката кај Ватерло.
1841 Нов Зеланд бил прогласен за британска колонија по потпишувањето на Договорот од Ваитанги помеѓу британската круна и маорските племиња претходната година.
1922 Во Париз е основан Меѓународниот железнички сојуз.
1945 Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела решение за утврдување на македонската азбука. Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104, на 4 мај 1945 година.
1946 Во Токио започнало заседанието на Меѓународниот суд за Далечниот Исток на којшто им се судело на јапонските воени злосторници во текот на Втората светска војна.
1979 Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори, Маргарет Тачер станала прва жена премиер во британската историја.

Родени:

612 Константин III Ираклијвизантиски цар.
1367 Хенри IV — крал на Англија.
1415 Сесилја Невил — мајка на Едвард IV.
1469 Николо Макијавелииталијански политичар, дипломат, поет и комедиограф.
1860 Вито Волтера — италијански математичар и физичар.
1892 Џејкоб Вајнер — канадски економист.
1917 Киро Глигоров — македонски и југословенски политичар, прв претседател на Република Македонија.
1920 Киро Билбиловски — македонски филмски снимател.
1925 Оливера Марковиќ — југословенска и српска глумица.
1933 Стивен Вајнберг — американски физичар.
1933 Џејмс Браун — американски музичар, познат како „Кум на соулот“.
1937 Миле Маневски — македонски писател.
1941 Нона Гаприндашвили — грузиска шахистка, светска шампионка од 1962 до 1978 година.
1948 Авни Абдулах — македонски писател.
1961 Миро Гавран — хрватски писател.
1963 Џеф Хорнасек — американски кошаркар и тренер.
1972 Рената Дескоска — македонска универзитетска професорка и политичарка.
1973 Михаел Рајцигер — холандски фудбалер.
1974 Захар Пашутин — руски кошаркар.
1984 Ѓорѓи Ицоски — македонски биатлонец и крос-кантри скијач.
1985 Езекил Лавеци — аргентински фудбалер.
1989 Катинка Хосу — унгарска пливачка.
1996 Алекс Ивоби — нигериски фудбалер.
2004 Александар Павловиќ — германски фудбалер.

Починале:

1481 Мехмед II Освојувачот — отомански султан (р. 1432).
1758 Бенедикт XIVримски папа.
1926 Кнут Виксел — шведски економист.
1942 Елпида Караманди — македонски народен херој.
1991 Јежи Кошињски — американски писател.
2004 Томо Томоски — македонски историчар и археолог, еден од водечките медиевисти во земјата.
2014 Гари Бекер — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
2016 Јадранка Стојаковиќ — југословенска пејачка.

Празници:

Светски ден на печатот