30 ноември

датум
<<ноември>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
2024

30 ноември — 334-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(335-и во престапна година). Остануваат 31 денови до крајот на годината.

Настани:

1894 Македонскиот револуционер Гоце Делчев, лично од Даме Груев, примен е за член на ВМРО.
1966 Барбадос, еден од островите на Малите Антили, кој 300 години беше британска колонија, прогласи независност.
1998 Избрана Владата на Република Македонија, предводена од Љубчо Георгиевски.
2001 Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски.
2005 Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски во јули 2006 година. На тие избори НСДП освои 6 пратенички места и стана дел од владејачката коалиција.

Родени:

1508 Андреја Паладиоиталијански архитект, основоположник на паладијанскиот стил.
1667 Џонатан Свифт — англиски писател и сатиричар.
1813 Шарл Валентин Алкан — француски композитор.
1817 Теодор Момзен — германски историчар, правник и добитник на Нобеловата награда за литература.
1835 Марк Твенамерикански писател, хуморист, новинар и предавач.
1843 Јожеф Киш — унгарски писател.
1874 Винстон Черчилбритански државник и писател.
1935 Стојан Андов — претседател на Либералната партија на Македонија и претседател на Собранието на Република Македонија.
1937 Драгослав Шекуларац — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1943 Теренс Малик — американски филмски режисер.
1955 Били Ајдол — англиски рок-музичар.
1960 Гари Линекер — англиски фудбалер.
1965 Бен Стилер — американски глумец и режисер.
1978 Пјерик Федриго — француски велосипедист.
1982 Доменико Поцовиво — италијански велосипедист.
1982 Магнус Карлсен — норвешки шахист.
1998 Грант Вилијамс — американски кошаркар.

Починале:

1900 Оскар Вајлд — англиски писател од ирско потекло.
1921 Амандус Шварц — германски математичар.
1947 Ернст Љубич — германско-американски режисер
1953 Франсис Пикабија — француски сликар.
1957 Паја Јовановиќ — српски сликар.
1977 Милош Црњански — српски и југословенски писател и дипломат.
2009 Милорад Павиќ — српски писател.
2011 Илија Зимбо — македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет.
2018 Џорџ Х. В. Бушпретседател на САД.