30 март

датум
<<март>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
2024

30 март — 89-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (90-и во престапна година). Остануваат 276 денови до крајот на годината.

Настани:

1867 Потпишан е Договор меѓу САД и царска Русија со кој САД ја откупиле Алјаска за 7,2 милиони долари.
1940 Јапонија воспостави маронетска влада во окупираната Кина.
1960 Од вселенската база Кејп Кенеди е лансиран првиот метеоролошки сателит „Тајрос - 1“.
1967 НАТО официјално го напушти своето седиште во Париз.
1973 Последниот контигент американски војници го напушти јужниот дел на Виетнам.
1979 Кинескиот премиер и реформатор Денг Сјаопинг ги прогласува неговите „Четири основни начела“ за социо-политичката иднина на НР Кина.
1992 Република Македонија и Република Хрватска со размена на ноти склучија спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на амбасади.
1994 Во Стразбур, Република Македонија пристапи на 15 конвенции на Советот на Европа.
2022 Откриена WHL0137-LS (Ереандел) — најоддалечената ѕвезда од Земјата (12,9 милијарди светлосни години).

Родени:

1746 Франциско Хосе де Гоја — шпански сликар и гравер.
1844 Пол Верлен — француски симболистички поет.
1853 Винсент ван Гогхоландски сликар, зачетник на постимпресионизмот.
1894 Сергеј Владимирович Иљјушин — советски конструктор на авиони.
1895 Жан Жионо — француски писател.
1914 Сони Бој Вилијамсон I — американски блуз-музичар.
1915 Арсенио Ерико — парагвајски фудбалер.
1937 Ворен Бити — американски глумец.
1945 Ерик Клептон — англиски рок-гитарист.
1964 Трејси Чепмен — американска поп-пејачка.
1968 Селин Дион — канадска пејачка.
1972 Карел Поборски — чешки фудбалер.
1973 Јан Колер — чешки фудбалер.
1976 Обаделе Томпсон — атлетичар од Барбадос.
1979 Нора Џонс — американска поп-пејачка и глумица.
1986 Серхио Рамос — шпански фудбалер.
1994 Јоанис Папапетру — грчки кошаркар.
2001 Анастасија Потапова — руска тенисерка.

Починале:

1863 Огист Браве — француски физичар.
1925 Рудолф Штајнер — австриски филозоф.
1957 Макс Аманнацистички функционер.
1986 Џејмс Кегни — американски глумец.
2007 Трајче Попов — македонски режисер.