27 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

27 мај — 147-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (148-и во престапна година).Остануваат 218 денови до крајот на годината.

Настани:

1703 Рускиот цар Петар Велики, на утоката на реката Нева, во Балтикот, основа град, кој според него е наречен Санкт Петербург (до 1914 г.), Петроград (до 1924 г.), Ленинград (до 1992 г.), а потоа повторно Санкт Петербург. Од 1712 до 1918 г. градот бил престолнина на Царска Русија.
1957 Пуштен е во погон првиот агрегат на ХЕЦ „Вруток“.
1996 Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори.

Родени:

1868 Алекса Шантиќ — српски поет.
1877 Изадора Данкан — американска балерина.
1894 Луј Фердинан Селин — француски писател.
1907 Рејчел Карсон — американски зоолог и биолог.
1912 Кирил Миљовски — македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје.
1923 Хенри Кисинџер — американски политичар и дипломат.
1936 Иво Брешан — хрватски писател.
1947 Душан Николовски — македонски рударски инженер.
1947 Бранко Облак — словенечки и југословенски фудбалер и тренер.
1967 Пол Гаскоњ — англиски фудбалер.
1973 Никола Маџиров — македонски поет, есеист и преведувач.
1974 Емруш Сума — поранешен член на ОНА.
1975 Андре 3000 — американски рапер, музички продуцент и глумец.
1982 Кевин де Верт — белгиски велосипедист
1985 Роберто Солдадо — шпански фудбал]]ер.
1987 Жервињо — фудбал]]ер од Брегот на Слоновата Коска.
1992 Арон Браун — канадски атлетичар.
1994 Емерик Лапорт — француски фудбалер.
1994 Жоао Кансело — португалски фудбалер.
2002 Жереми Доку — белгиски фудбалер.

Починале:

1508 Лудовико Сфорца — војвода на Милано.
1840 Николо Паганинииталијански композитор и виолинист.
1964 Џавахарлал Нехру — индиски државник.
2000 Ијан Дјури — англиски панк-рок музичар и глуемц.
2009 Клајв Гренџер — британски економист, добитник на Нобеловата награда за економија.
2017 Грег Алман — американски рок-музичар, член на групата Алман брадерс бенд (The Allman Brothers Band).
2021 Роберт Хоган — американски глумец.
2024 Бил Волтон — американски кошаркар.