2012 (филм)

2012 е американски филм од 2009 год, режиран од Роланд Емерих. Филмот е дистрибуиран од „Columbia Pictures“, а со снимање започнал во август 2008, во Ванкувер.

„2012“
Официјален постер
РежисерРоланд Емерих
ПродуцентРоланд Емерих
Марк Гордон
Харалд Клосер
Лери Џ. Франко
СценаристСценарио: Харалд Клосер
Роланд Емерих
Главни улогиЏон Кјузак
Аманда Пит
Тенди Њутон
Оливер Плет
Жанрнаучна фантастика
МузикаХаралд Клосер
ДистрибутерColumbia Pictures
Премиера11 ноември 2009
Времетраење158 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$200 мил.-260мил.[1][2][3] – 260[4][5]
Бруто заработка$620,486,821[6]

Синопсис

Според календарот на Маите, на 21 декември 2012 година ќе се случи крајот на светот и човештвото. Кога глобалната катаклизма ќе го претвори светот во тотален хаос, разведениот писател на научно-фантастични романи Џексон Куртис, ќе ги проучува прастарите предвидувања сè со цел за спречување на тотално уништување на човечкиот вид.
Во 2009. година, ценетиот тим на научници потврдуваат глобално уништување и дека светот каков што го знаеме наскоро ќе исчезне. До 2012. планот на светските водачи е да спасат што повеќе луѓе, но невозможно е да ги спасат сите. Кога Џек и неговите две деца отпатуваат кон Јелоустоун, и случајно наидуваат во исушено езеро и откриваат тајна на скорешната апокалипса која ја криела владата дотогаш. Џексон мора да ја преземе работата во своите раце додека тргнува на паралелна трка за да се спаси себеси и својата фамилија. Притоа се сведоци на потреси, вулкански ерупции, цунами, и сите други елементирани непогоди, кои Земјата му ги нанесува на човештвото.

Наводи

Надворешни врски