Светско првенство во водени спортови 2009

Светско првенство
во водени спортови 2009

Италија Рим, Италија
Скокови во вода
Индивидуално
1 ммажижени
3 ммажижени
10 ммажижени
Синхронизирано
3 ммажижени
10 ммажижени
Далечинско пливање
5 кммажижени
10 кммажижени
25 кммажижени
Пливање
Краул
50 ммажижени
100 ммажижени
200 ммажижени
400 ммажижени
800 ммажижени
1500 ммажижени
Грбно
50 ммажижени
100 ммажижени
200 ммажижени
Градно
50 ммажижени
100 ммажижени
200 ммажижени
Делфин
50 ммажижени
100 ммажижени
200 ммажижени
Индивидуално мешано
200 ммажижени
400 ммажижени
Штафета краул
4×100 ммажижени
4×200 ммажижени
Штафета мешано
4×100 ммажижени
Синхронизирано пливање
Солотехничкослободно
Дуеттехничкослободно
Тимтехничкослободно
комбинирано
Ватерполо
мажи    •   жени

13тото ФИНА Светско Првенство се одржа во Рим од 17 јули до 2 август 2009. Натпреварувњето повторно ќе ги содржи сите 5 водени дисциплини: скокови во вода, пливање, пливање на отворено, синхронизирано пливање и ватерполо.

Рим го освои правото да биде домаќин на оваа натпреварување на 16 јули 2005 во Монтреал, Канада. Во изборот Рим ги победи останатите кандидати: Атина (Грција), Москва (Русија) и Јокохама (Јапонија).

На овој турнир ќе се натпреваруваат рекордни 2556 натпреварувачи од 185 земји.[1]

Стадиони

  • Форо Италико
  • Меѓународен воден стадион „Тор Вергата“.
  • Остија

Распоред

 ● Отворачка церемонија ● Натпревари ● Финални натпревари ● Затворачка церемонија
Јули/Август17181920212223242526272829303112Вку.
Церемонии
Пливање







40
Пливање на отворено 6
Скокови во вода 10
Ватерполо2
Синхронизирано пливање7
Финалиња1231532244454567765

Освојувачи на медали

Последно обновено на:15:34, 3 август 2009 (UTC)

 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1  САД1111729
2 НР Кина1171129
3  Русија88420
4  Германија74112
5 Австралија451019
6  Обединето Кралство4329
7  Италија41510
8  Србија3104
9  Унгарија2136
10  Бразил2114
11  Шпанија17311
12 Јапонија1214
13 Тунис1203
14  Данска1102
 Шведска1102
Зимбабве1102
17 ЈАР1034
18  Холандија1012
19  Мексико1001
20  Канада0459
21  Франција0336
22  Грција0101
 Полска0101
24  Австрија0011
 Хрватска0011
 Куба0011
 Литванија0011
Малезија0011
 Норвешка0011
 Романија0011
Вкупно656567197

ФИНА конгрес 2009

Вообичаено, заедно со Светското Првенство, ФИНА го одржува двегодишниот Генерален Конгрес во Рим, за време на настанот, на 24 јули 2009 во 09:00 часот.[2] На собирот ќе се избираат 22 членови на бирото на ФИНА (од извршниот одбор на ИФ) за периодот од 2013 до 2019. ФИНА правилата наложуваат де овие 22 члена на бирото ќе треба да ги изберат Извршните директори (Претседател, Благајник, Секретар и др.) [3]

Заедно со Генералниот Конгрес ќе се одржат Техничките Конгреси(ТК) за секоја дисциплина посебно, за да ги претстават правилата во тие дисциплини. Конгресите ќе бидат одржани на:[2]

  • 15 јули: ТК за скокови во вода, ТК за пливање на отворено
  • 16 јули: ТК за симхронизирано пливање, ТК за Ватер поло.
  • 23 јули: ТК за пливање

Забелешка: Техничките конгреси треба да се одржат пред почнувањето на дисциплината на првенството и пред Генералниот Конгрес.
Друга забелешка: Нема да се одржи натпревар во пливање на датата на одржување на Генералниот Конгрес.

Контроверзии околу пливачките костими

Во март 2009 година,[4] поради залагањата на нејзините членови, ФИНА одлучи да постави граници околу конструкцијата на пливачкиот костим, велејќи дека костимот давал повеќе духовна енергија, стабилност брзина и издржливост. Овие напори започнаа по претставувањето на костимот во почетокот на 2008, и тоа доведе до ограничување на костимите,а ФИНА издаде список на одобрени костими за натпреварувањата.[5] По ова на произведувачите на костими им беше дадено време да ги прилагодат своите костими, кои првично не беа одобрени. Во јуни 2009 година, ФИНА одлучи да ги врати костимите, кои беа тргнати од употреба во март[6](Поради што ФИНА сè уште е тужена од страна на некои производители, како на пример TYR). Ефектот се согледа на Светското Првенство во водени спортови 2009, каде ограничувањата не беа стапени на сила. Исто така ова доведе до промена на правилата од страна на Техничкиот Комитет за пливање (23 јули) и Генералниот Конгрес (24 јули)[7], каде беа поставени ограничувања на костимите. Сепак овие промени на правилата нема да стапат насила до 2010, а имаше и некои обиди да се одложи ова ограничување (Впечатокот беше дека овие промени ќе стапат насила на 1 јануари 2010; Сепак извршниот директор на ФИНА по неколку дена кажа дека датумот не е одреден, но најверојатно ќе биде април или мај).[8] Потоа на 31 јули 2009, Бирото на ФИНА (Одборот на организацијата) потрвди дека датумот на спровеувањето ќе биде 1 јануари 2010.[9]

Поради предностите од пливачките костими, некои ова првенство го нарекуваа “Пластични Игри“.[10][11] Овие материјали содржат полиуретен, кој гледано од некоја страна ја подобрува ефикасноста. Ова го поддржувааат и 43 Светски рекорди поставени на ова првенство[12] каде беа поставени рекорди на 38 од 40 натпреварувања и само 2 натпреварувања не добија никаков нов рекорд (На минатите Светски Првенства беа подобрени 24 (2007) и 19 (2003) рекорди на првенствата. Поточно, костимот Arena X-Glide, кој беше носен од Германецот Паул Бидерман, му овозможи голема предности и му помогна во соборувањето на рекордот од Ијан Торп на 400м и во победата против Мајкл Фелпс на 200м краул. Тренерот на Мајкл Фелпс, Боб Бауман истакна: „ Ми беа потребни 5 години за Мајкл Фелпс да се подобри од 1:46 на 1:42, а овој човек тоа го направи за само 11 месеци. Тоа е една неверојатна претстава за обука. Би сакал да знам како го направи тоа.“[13] Минатата година Бидерман беше рангиран како 9-ти на 200м и 21-ви на 400м во светот на слободен стил.[14][15]

Наводи

Надворешни врски