1280-ти

десетлетие
< 1270-ти1280-ти1290-ти >
1280128112821283128412851286128712881289

1280-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1280 година и завршила на 31 декември 1289 година.

Настани

1280

1281

1282

  • март - Давид III ап Грифид, брат на Принцот од Велс, Ливелин III ап Грифид, ја напаѓа Англија. Неговиот брат се чувствува принуден да го поддржи, и покрај тоа што е неподготвен за војна. Нивните постапки доведуваат до конечното освојување на англиски Велс, од страна на кралот Едвард I.
  • 30 март - Побуна во Сицилија против владеењето на Карло I Анжујски. Во следните 6 недели, илјадници Французи се убиени. Востанието го принудува Карло да се откаже од крстоносната војна, додека сè уште е на пат кон целниот град Цариград, и му дозволува на Петар III Арагонски да го преземе владеењето на островот (што од своја страна доведува до изопштување од Папа Мартин IV на Петар]).
  • 15 мај - Битката во Форли помеѓу Гвелфи и гибелини
  • Јуни - Армијата на Петар III Арагонски се наоѓа во Северна Африка за поддршка на бунтовниот гувернер на Константин, Ибн Вазир[1].
  • 26 јуни - Кралот Денис Португалски се венча со Елизабета Арагонска.
  • 30 август - Петар III Арагонски, кој првично патува со својата флота во воена експедиција против Тунис, завршува во сицилијанскиот град Трапани, откако му било побарано од жителите на Палермо да помогне во борбата против Карло I Анжујски.
  • 4 септември - Петар III Арагонски станува крал на Сицилија.
  • 11 декември - Битка кај Орвински мост воВелс: Ливелин III ап Грифид е убиен.
  • Декември - Царот Рудолф I ги прогласува своите синови Албрехт и Рудолф за ко-владетели на војводствата на Австрија и Војводство Штеарска, со што се основа Хабсбуршка династија на тие територии.
  • Битката на Вронен: Флорис V ја поразува Фризија.
  • Кралот Стефан Драгутин ја крши ногата додека лови и се разболува; тој го предава престолот на неговиот помлад брат Стефан Милутин.
  • Кралот Петар III Арагонски, добива поддршка од Насридска Гранада во време кога Франција на чело со Филип IV Убавиот се подготвува за Арагонска крстоносна војна

1283

1284

  • 5 јуни - Битка кај Заливот на Неапол: Кралот Карло II Неаполски е заробен од Роџер Лаурија, адмирал на кралот Петар III Арагонски.
  • 5 август - 6 - Битка кај Мелорија: Италијанскиот град-држава Џенова го победува својот соперник [(Пиза)] на море, завршувајќи ја поморската моќ на Пиза.
  • Кралот Стефан Драгутин ги прима Белград, Срем и други територии од Унгарија.
  • Светото Римско Царство наметнува трговско ембарго на Норвешка, поради последното ограбување на германски брод. Ембаргото ги отстранува виталните резерви на жито, брашно, зеленчук и пиво, предизвикувајќи општ глад[3].
  • Германскиот град Хамбург е уништен од пожар.
  • Постигнувајќи го бунтот на бедуините, Абу Хафс Умар го освојува Тунис и Хафсидската династија стануваат доминантна династија во Ифрикија[4].
  • Петар III Арагонски ја искористува слабоста на Хафсидската династија и го напаѓа островот Џерба. Христијаните го масакрираат населението и го окупираат островот.
  • Султанот на Египет ел-Мансур Калавун потпишува десетгодишно примирје со крстоносците. Тој ќе го наруши примирјето во 1290.
  • Монголската Златна Орда, предводена од Ногај-кан, ја напаѓа Унгарија вторпат.
  • Византискиот град Ајдин е освоено од турскиот емират Ментеше; 20.000 луѓе се земени како робови.

1285

  • 6 јануари - Архиепископот Јакуб Свинка им наредува на сите свештеници кои подлежат под неговата епархија во Полска да даваат проповеди на полски јазик, наместо на германски, поттикнувајќи го националниот идентитет.
  • Април - Хиос е освоен од венецијанските сили, но подоцна Џенова повторно го враќа.
  • Велигден - Донесен е Вториот Статут од Вестминстер во Англија, реформирајќи различни закони.
  • 2 април - Папа Хонориј IV го наследува Папа Мартин IV, станувајќи 190-тиот папа.
  • 25 април - Мамелучкиот султан ел-Мансур Калавун започнува опсада на крстоносната тврдина Маргат (во денешна Сирија) главното упориште на Болничарите. Тврдината е освоена еден месец подоцна.
  • 14 јуни - Тран Хунг Дао ја победува монголската флота.
  • 4 септември - Роџер Лауриски го поразува кралот Филип III Убавиот, во поморска битка кај Барселона.
  • Сакура го узурпира престолот на Царство Мали.
  • Писмото Circumspecte Agatis, издадено од кралот Едвард I, ги дефинира јурисдикциите на црквата и државата во Англија, со што се ограничува судската власт на црковните власти само на црковните случаи.
  • Напишана е англиската романтична песна Havelok the Dane (приближен датум).
  • Според одлуките од Соборот од Влахерна, Источната православна црква ја отфрла Унијата со Римокатоличката црква, објавена во Вториот Лионски Собор.

1286

  • 6 јануари - Филип IV е крунисан за крал на Франција.
  • 19 март - Кралот на Шкотска Александар III умира, оставајќи го како наследник единственото негово неродено дете и 3-годишната Маргарета. По ова започнува Војна за независност на Шкотска и зголеменото влијание на Англија над Шкотска.
  • Царот Рудолф I ги прогласува закон според кој на сите евреи им се негира политичката слобода.
  • Гвелфите од Република Сиена им овозможуваат на бунтовниците на прогонетите гибелини да се вратат назад во градот[5].
  • Абу Закарија воспоставува кнежевство во центарот на Беџаја, што станува главен соперник на Хафсидската династија со седиште во Тунис[6].
  • Кублај-кан ја завршува последната инвазија врз Јапонија, повлекувајќи се поради недостаток на неопходни ресурси.

1287

  • Арагонската морнарица го напаѓа Тунис[7].
  • 17 јануари - Потпишен е договорот од Сан Агајз. Кралот Алфонсо III Арагонски го освојува островот Менорка од Маврите.
  • Февруари - Поплава во јужна Англија. Бурата го уништува градот Винчелси[8].
  • 4 април - Вареру го создава Кралство Хантавади во денешна Долна Бурма.
  • 14 мај - 16 јули - Кублај-кан започнува голема офанзива против бунтовничкиот принц Најан во Манџурија.
  • 8 јуни - Востание на Рис ап Маредид во Велс. Револтот нема да биде потиснат до 1288.
  • Декември - Битка кај Паган: Теравадското будистичкото Кралство Паган (во денешен Мјанмар) е освоено од династија Јуен.
  • 14 декември - Огромна бура во Северно Море и Ламанш, убива илјадници луѓе и го преобликува крајбрежјето на Холандија и Англија.
  • Монголскиот Илканат на чело со Аргун-кан го испраќа Рабан Бар Саума во Европа да преговара сојуз против муслиманските држави, посебно против Мамелучкиот Султанат.
  • Мамелучкиот султан ел-Мансур го освојува пристанишниот град Латакија во денешна Сирија.
    • Во Холандија, се убиени повеќе од 50.000 луѓе
    • Во Англија, делови од Норфолк се поплавени, пристаништето Данвич е уништено заедно со голем број на цркви и манастири[9].
  • Кралот Едвард I наредува протерување на Евреите и го конфискува нивниот имот.
  • Монголската Златна Орда, предводена од Толобуга и Ногај-кан, ја напаѓа Полска по третпат..
  • Во Арагон започнува востание од аристократите. Ова го присилува Алфонсо III Арагонски да направи отстапки за благородништвото.[10]. Кралот им дава на своите барони права, познати како Privilegium Generale[11].
  • Во Милано, Матео I Висконти е именуван за capitano del popolo (капетан на народот).
  • Олтарот од црквата Свети Јаков во Пистоја, Италија е започнат со изградба. Тој нема да биде завршен речиси 200 години.
  • Боденвердер добива градски права.
  • Линшепинг добива градски права.
  • За првпат се споменува населбата Гримен.
  • Италијанскиот град Сиена за првпат наметнува присилен заем на своите даночни обврзници, што е заедничка одлика на средновековните јавни финансии[12].
  • Маркранштет е споменет како трговски град.
  • Започнува изградбата на Упсалска катедрала во Шведска (трае до 1435).
  • Изградена е Менорската катедрала.

1288

  • 20 јануари - Замокот Њукасл во Велс е освоен од англиските сили.
  • 22 февруари - Папа Никола IV го наследува Папа Хонориј IV, како 191-та папа.
  • 5 јуни - Битката кај Воринген: Јован I го поразува војводство Гелдерн во една од најголемите битки во Европа од средниот век, со што го освоил Војводст Лимбург. Битката, исто така, го ослободува градот Келн од владеењето на Архиепископијата во Келн. По овој настан, Бон станува резиденција на келнските архиепископи.
  • 8 август - Папа Никола IV прогласува крстоносна војна против кралот Ладислав IV Унгарски, кој го изгубил кредибилитетот со фаворизирање на неговите полупагански кумански субјекти, одбивајќи да одговара на социјалните стандарди на Западна Европа.
  • Парламентот во Шкотска создава закон со кој ќе им се дозволи на жените да предложат брак на мажите за време на престапна година. Мажите кои одбиваат такви предлози се обврзани да платат парична казна на невестата.
  • Изградена е најстарата преживеана камбана во часовниците на врвот од куполата на Базиликата Свети Петар во Рим.
  • Ветин е доделен на надбискупот Магдебург, Ерик фон Бранденбург.
  • Харбург добива општински права.
  • Кеге добива градски права.

1289

  • 27 април - Падот на Триполи: Мамелучкиот султан ел-Мансур Калаван го освојува Грофовија Триполи (во денешен Либан) по едномесечна опсада. Овас е крај на постоењето на крстоносната држава.
  • 11 јуни - Битка кај Попи: Битката се води помеѓу Гвелфи и гибелини. По крајот на битката, Гвелфите ја обезбедуваат својата позиција на моќ во Фиренца.
  • Принцот Субару од Јапонија ја освојува провинцијата Сајтама.
  • Завршена е изградбата на Замок Конви во Велс.
  • Евреите се избркани од Гаскоња и Анжу во Франција.
  • Папа Никола IV формално го формира Универзитет Монпелје во Франција преку папска була.
  • Во Сиена, дваесет и три партнери, вклучувајќи и пет членови на семејството Бонсињори, повторно ја создаваат Гран Травола, порано најуспешната европска банка, која престанала да функционира по смртта на нејзиниот творец и менаџер, Орландо Бонсињори, во 1273 година[13].
  • Атанасиј I Цариградски за првпат станува Вселенски патријарх.
  • 5,553 метри високиот вулкан Попокатепетл е искачен од страна на членовите на племето Текуанипан, во денешно Мексико.

Наводи