Доменот .st се рекламира како општ за употреба домен, со бројни значења или скратеници како на пример „street“, кратенка за „Star Trek“ и други. Доменот .st се користи и за создавање на зборови кои завршуваат на ст како на пример „[bur.st]“.
Програмскиот јазик Smalltalk pима поврзаност со доменот .st кој го нарекуваат програмски јазик Smalltalk. И мрежната страница „The World of Smalltalk“ (www.world.st) како и софтверор Seaside (www.seaside.st) го користат .st како нивно доменско име.
Покраината Штаерска, во Австрија, го има ST како неофицијалана но употребувана кратенка. Па затоа доменот .st се користи од помали месни бизниси во Штаерска, покрај доменот на Австрија .at. Исто така и некои регистрации во Јужен Тирол, автономна, покраина во Италија, го користи доменот .st за Südtirol за разлика од италијанскиот домен .it.
Вашингтон Пост го користи .st како дел од својот домен wapo.st. Нивната .st URLадресе служи за пренасочување на читателите на најразлични натписи на нивната страница. Ова е мошне корисно кога треба да се твитне натпис. Економистги има направено истото под адресата econ.st, додека MapQuest го користи доменот mapq.st за нивните врски до одредени карти.
Yogscast го користи .st доменот за скратена верзија од нивната адреса, yogsca.st. Ова, како и Вашингтон Пост, служи како пренасочување до нивната страница, yogscast.com