Грав

Грав
Научна класификација
Царство:Растенија
Нерангирано:Скриеносеменици
Ред:Бобовидни
Семејство:Бобови
Племе:Гравови
Род:Грав
Вид:Обичен грав
Научен назив
Phaseolus vulgaris
L.
Синоними[1]

Грав или бобедногодишно растение од семејството на бобовите (Fabaceae) со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (науч. Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач).

Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus.

Потекнува од Јужна Америка. Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Во Македонија е застапен на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура за одгледување е 20 – 22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност:

Употреба

Гравот, со просечна потрошувачка од 21,6 кг по домаќинство, е 7. зеленчук според употребата во Македонија во 2017 година[2].

Други употреби

Листовите од грав биле користени за фаќање стеници во домовите.[3] Микроскопските влакна (трихоми) на листовите од грав ги фаќаат инсектите.[3]

Од античко време, гравот бил користен како уред во различни методи на претскажување. Претскажувањето со помош на грав се нарекува фавоманција.

Откриено е дека Phaseolus vulgaris биолошки акумулира цинк, манган и железо и има одредена толеранција на нивните соодветни токсичности, што укажува на соодветност за природна биолошка санација на почвите загадени со тешки метали.[4]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема: