Штикла (знак)

Штикла (, , итн..) е симбол кој го означува концептот „да“, како да речеме „да; ова е потврдено“ или „да; ова е точниот одговор“. Спротивен на тоа е знакот Х, иако кога стои самостојно може да има потврдно значење, (како да речеме на гласачко ливче).

Штикла во кутивче
Штикла во кутивче

Како дејство „штиклирање“ или „отшиклирање“ значи ставање или отстранување на таков знак. Ова наоѓа честа примена кај печатените и компјутерските обрасци кои бараат да се направи некаков избор.

Во Јапонија и Кореја за оваа намена се користи потврдниот „знак O“ (уникоден симбол „◯“), наречен „маруџируши“ (丸印).

Уникод

Уникод има разни сродни симболи:

СимболУникодна точка (Хекс)ОписОфицијален назив
U+2713ШтиклаCHECK MARK
U+2714Задебелена штиклаHEAVY CHECK MARK
U+2610КвадратBALLOT BOX
U+2611Квадрат со штиклаBALLOT BOX WITH CHECK

Поврзано