Штепениц (Елба)

Штепениц (германски: Stepenitz) — река во округот Пригниц, во Бранденбург, Германија. Таа е десна притока на Елба и е долга околу 84 километри. Демниц е лева притока на Штепениц.

Штепениц
Штепениц кај манастирот Маринфлис
МестоГерманија, Бранденбург
Должина84 км
Извор5 км југоисточно од Мајенбург
Висина на изворотоколу 110 м
Утокакај Витенберге во Елба
52°59′17″N 11°45′50″E / 52.987980° СГШ; 11.763980° ИГД / 52.987980; 11.763980
СливЕлба
ОдливЕлба → Северно Море
Слив1.299 км²
Десни притокиШлатбах
Леви притокиДемниц, Јецбах, Картане
ПаланкиМајенбург, Путлиц, Перлеберг, Витенберге

Изворот на Штепениц е околу 5 километри југоисточно од Мајенбург. Заедно со Картане, Штепениц се влева во Елба кај Витенберге.

Гускина патека („Gänsetour“) е велосипедска патека долга 70 километри долж Штепениц. Именувана е во чест на семејството Ганс цу Путлиц, едно од најстарите благороднички семејства во Бранденбург.

Места низ кои поминува Штепениц: