Шошонски јазик

Шошонскиот (Sosoni' ta̲i̲kwappe) е нумиски јазик од јазичното семејство на јутоацтечки јазици. Овој јазик се зборува во западни САД и е мајчин јазик на Шошоните. Јазикот се зборува во Вајоминг, Јута, Невада и Ајдахо.

Шошонски јазик
Sosoni' ta̲i̲kwappe или Neme ta̲i̲kwappeh
Застапен воСАД
ПодрачјеВајоминг, Јута, Невада, Ајдахо
НародШошони
Говорници1,000  (2007)
дополнителни 1,000 кои не говорат течно (2007)
Јазично семејство
јутоацтечки
  • северни
    • нумиски
      • централни
        • шошонски јазик
Претходни облици:
пранумиски
  • шошонски јазик
Дијалекти
западен
северен
гошутски
источен
Писмолатиница
Јазични кодови
ISO 639-3shh

Шошонскиот има шест самогласки, кои разликуваат должина.[1] Согласките во шошонскиот јазик се релативно малубројни во спредба со останати староседелски јазици. Шошонскиот е богат со наставки, кои се клучни во јазикот. Јазикот исто така располага со граматички број, падеж, како и глаголски вид (аспек) и време. Зборовниот редослед во јазикот е слободен, но има знаци на следење на зборовен редослед подмет-предмет-прирок.[2]

Шошоните го именуваат јазикот или како „народен јазик“ (newe ta̲i̲kwappe) или како „шошонски јазик“ (Sosoni' ta̲i̲kwappe).[3] Јазикот е класифициран како загрозен јазик, но во последните години во тек е проект за ревитализирање (јазично оживување).[4]

Класификација

Шошонскиот е најсеверен јазик од семејството на јутоацтечки јазици.[5] Во рамките на тоа јазично семејство, јазикот е дел од групата на нумиски јазици. Најсродни јазици на шошонскиот се тимбишанскиот и команчејскиот јазик. За тимбишанскиот се верува дека засебен јазик во оваа јазична подгрупа[6], додека за команчејскиот се верува дека шошонскиот и команчејскиот се одделиле од еден ист јазик во 1700 година. Јазиците имаат ограничена меѓусебна разбирливост.[7]

Дијалекти

Шошонскиот е составен од следните главни дијалекти: западен дијалект во Невада, гошутски дијалект во Јута, северен дијалект во Ајдахо и источен во Вајоминг.[4] Дијалектните разлики се на фонолошка основа.

Фонологија

Самогласки

краткидолги
предназадна
незаоблена
задна
заоблена
предназадна
незаоблена
задна
заоблена
високиiɨui:ɨ:u:
средниaioai:o:
нискиaa:

Согласки

двоусникороналнипреднонепченизаднонепченигласилни
рамнилабијализирани
носниmn
експлозивниptkʔ
слеаниts
струјниsh
полусамогласкиjw

Наводи

Поврзано

Надворешни врски