Шорфхајде (општина)

Шорфхајде (германски: Schorfheide) — општина во округот Барним, во Бранденбург, Германија. Била основана во 2003 со спојување на Финовфурт и Грос Шенебек.

Шорфхајде
Грб на Шорфхајде
Шорфхајде во рамките на Германија
Шорфхајде
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаБранденбург
ОкругБарним
Месни единици9
ГрадоначалникУве Шокнехт (СГ)
Основни податоци
Површина236,79 км2
Надм. височина29 м
Население10.191 (31 декември 2020)[1]
 - Густина43 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.BAR
Пошт. бр.16230, 16244, 16348
Повик. бр.03334, 03335
Порталwww.gemeinde-schorfheide.barnim.de/
Местоположба на Шорфхајде во рамките на округот Барним
Карта
Карта
Координати52°54′N 13°31′E / 52.900° СГШ; 13.517° ИГД / 52.900; 13.517

Преглед

Замок Грос Шенебек

Во Шорфхајде влегуваат и селата Алтенхоф, Бемерхајде, Ајхорст, Кландорф, Лихтерфелде, Шлуфт и Вербелин. Се наоѓа западно од административното седиште на округот Еберсвалде и околу 40 километри североисточно од Берлин. Шорфхајде е најголема општина во Барним гледано според површина. Големи делови од нејзе припаѓаат на Биосферниот резерват Шорфхајде-Хорин.

Во 13 век, асканиските маркгрофови на Бранденбург изградиле замок на јужниот дел на Вербелинското Езеро. Во 1879, принцот Карло ја изградил кулата Асканија. Во Грос Шенебек се наоѓа ловечка куќа подигната во 1680 од страна на изборниот кнез Фридрих Вилхелм I, која денес служи како музеј. Од 1950 до 1989, во Алтенхоф се одржувал кампот „Пионерска република Вилхелм Пик“ (Pionierrepublik Wilhelm Pieck).

Збратимени градови

Наводи