Шон Мерион

Американски кошаркар


Шон Двејн Мерион (роден на 7 мај 1978) е поранешен американски кошаркар, кој играл на позицијата крило и крилен центар.[1] Настапувал 16 сезони во НБА лигата носејќи го дресот на екипите на Финикс Санс, Мајами Хит, Торонто Репторс, Далас Маверикс и Кливленд Кавалирс. Имал прекар Матрикс, кој го добил од поранешниот НБА играч Кени Смит.

Шон Мерион


Лични информации
Роден на7 мај 1978(1978-05-07)(46 г.)
Роден воВокиган, Илиноис
НационалностСАД САД
Висина2,01 м
Тежина103 кг
Позицијакрило, крилен центар
Информации за кариерата
Колеџ УНЛВ Р. Ребелс
Драфт1999 / Рунда: 1 / Пик: 9
Избран од:
Финикс Финикс Санс
Проф. кариера1999—2015
Сениорски клубови
Години:Клубови:
1999–2008
2008–2009
2009
2009–2014
2014–2015
Финикс Финикс Санс
Мајами Мајами Хит
Торонто Торонто Репторс
Далас Далас Маверикс
Кливленд Кливленд Кавалирс
Репрезентација
2001–2004САД САД

Мерион бил избран како 9. пик на НБА драфтот 1999 од Финикс Санс. Носејќи го дресот на оваа екипа тој бил избран четири пати да учествува на НБА Ол-стар натпреварот во 2003, 2005, 2006 и 2007. Во сезоната 2010-2011, Мерион со екипата на Далас Маверикс ја освоил својата единствената титула во НБА кариерата, совладувајќи ги во финалето Мајами Хит.

Титули и награди

НБА

2010-2011
2003, 2005, 2006, 2007.
  • Избран во Ол-НБА тимот : 4
    • 2× Трет тим: 2004-2005, 2005-2006
  • НБА Ол-руки втор тим: 1999-2000

Статистика

Општи податоци

Регуларна сезона

  • Натпревари: 1163 [2]
  • Бодови: 17,700 (15.9 ппн)[2]
  • Асистенции: 2198 (2.0 апн)[2]
  • Скокови: 10,101 (9.1 спн)[2]
  • Најмногу бодови на еден натпревар: 44 против Бостон Селтикс (22/2/2006)[3]
  • Најмногу скокови: 24 двапати[3]
  • Најмногу асистенции: 8 двапати[3]
  • Најмногу украдени топки: 8 против Минесота Тимбервулфс (6/2/2006)[3]
  • Најмногу погодени тројки: 5 6 пати[3]

Плејоф

Статистика по сезони

Легенда
  ОНОдиграно натпревари  СН Натпревари како стартер МПН Минути по натпревари
 ПШИ% Процент на шут од игра 3П% Процент на шут за три бода СФ% Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН Скокови по натпревар AсПН Асистенции по натпревар УТПН Украдени топки по натпревар
 БлПН Блокади по натпревар ППН Поени по натпревар Задебелено Најдобро во кариерата
Означува сезони во кој Мерион го освоил НБА првенството

Регуларна сезона

ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
1999–2000 Финикс Санс513824,747,118,284,76,51,40,81,010,2
2000–2001 Финикс Санс797936,248,025,681,010,72,01,71,417,3
2001–2002 Финикс Санс818138,446,939,384,59,92,01,81,119,1
2002–2003 Финикс Санс818141,645,238,785,19,52,42,31,221,2
2003–2004 Финикс Санс797940,744,034,085,19,32,72,11,319,0
2004–2005 Финикс Санс818138,847,633,483,311,31,92,01,519,4
2005–2006 Финикс Санс818140,352,533,180,911,81,82,01,721,8
2006–2007 Финикс Санс808037,652,431,781,09,81,72,01,517,5
2007–2008 Финикс Санс474736,452,634,771,39,92,12,01,515,8
2007–2008 Мајами Хит161537,645,925,869,011,22,51,90,914,3
2008–2009 Мајами Хит424136,148,220,078,88,71,81,41,112,0
2008–2009 Торонто Репторс272735,348,815,480,68,32,31,10,814,3
2009–2010 Далас Маверикс757531,850,815,875,56,41,40,90,812,0
2010–2011 † Далас Маверикс802728,252,015,276,86,91,40,90,612,5
2011–2012 Далас Маверикс636330,544,629,479,67,42,11,10,610,6
2012–2013 Далас Маверикс676730,051,431,578,27,82,41,10,712,0
2013–2014 Далас Маверикс767631,748,235,878,56,51,61,20,510,4
2014–2015 Кливленд Кавалирс572419,344,626,176,53,50,90,50,54,8
Кариера1.1631.06234,548,433,181,08,71,91,51,115,2
Ол-стар4019,557,50,050,06,53,01,50,512,5

Плејоф

ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
2000 Финикс Санс9931,241,916,781,88,80,80,71,69,1
2001 Финикс Санс4434,837,1100,085,78,30,81,51,514,8
2003 Финикс Санс6647,037,432,184,611,72,01,81,818,5
2005 Финикс Санс151542,348,441,976,911,81,51,41,717,6
2006 Финикс Санс202042,548,931,488,111,71,61,91,120,4
2007 Финикс Санс111141,450,035,366,710,41,21,51,716,9
2010 Далас Маверикс6624,740,70,080,04,21,00,20,58,7
2011 Далас Маверикс212132,946,70,085,16,32,11,00,911,9
2012 Далас Маверикс4435,042,528,690,08,11,00,21,211,8
2014 Далас Маверикс7727,640,722,263,65,31,90,90,18,4
2015 Кливленд Кавалирс604,216,70,00,01,00,20,30,00,3
Кариера10910335,245,631,881,48,61,41,21,213,9

Наводи

Надворешни врски