Шлезвиг-Фленсбург
Шлезвиг-Фленсбург (германски: Schleswig-Flensburg; дански: Slesvig-Flensborg) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Шлезвиг-Фленсбург Kreis Schleswig-Flensburg | |||
---|---|---|---|
округ | |||
| |||
![]() | |||
Земја | ![]() | ||
Покраина | Шлезвиг-Холштајн | ||
Седиште | Шлезвиг | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2.072 км2 (800 ми2) | ||
Население (31 декември 2020)[1] | |||
• Вкупно | 202.647 | ||
• Густина | 98/км2 (250/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | SL | ||
Мреж. место | schleswig-flensburg.de |
Округот се граничи со (од југ надесно) окрузите Рендсбург-Екернферде, Дитмаршен и Северна Фризија, регионот Јужна Данска во Данска, слободниот град Фленсбург и Балтичкото Море.
Историја
Пишаната историја во областа започнува околу 800 година, кога била основана викиншка населба Хаитхабу. Подоцна, соседниот град Шлезвиг го презел местото на Хаитхабу и станал моќен град во текот на XI век. Подоцна, ја загубил својата моќ од страна на Либек.
Округот бил основан во 1974 година со спојување на поранешните окрузи Фленсбург-Ланд и Шлезвиг. Поради близината на Данска и историјата на областа, постои голем дел на Данци.
Географија
Областа е главно рамна. Шлај, фјорд на Балтичкото Море, е јужната граница на округот. Сета земја северно од Шлај и јужно од Фленсбург се смета за дел од полуостровот Ангелн. Ангелн бил древен дом на Германите, познати и како Англи, кои се преселиле во Англија во текот на раниот среден век.
Грб
![]() | Грбот прикажува два лава, претставувајќи го старото војводство Шлезвиг. Најдолу на грбот постои брановита линија, која го претставува Балтичкото Море и фјордовите. |
Градови и општини
Слободни градови | Слободни општини |
---|---|
Наводи
Надворешни врски
Шлезвиг-Фленсбург на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)