Шиш-ќебап

Шиш-ќебап (азерски: Basdırma kabab; турски: şiş kebap; урду: سیخ کباب) — јадење подготвено на ражен, односно печени коцки од месо.[1] Зборот ќебап се употребува за различни видови на јадења од печено месо. Шиш е турски збор за меч или ражен,[2] а ќебап (כבבא) е стар арамејски збор со значење печено месо. Ова јадење е популарно низ цела Азија. Слично е на јадењето што се нарекува шашлик, кое пак потекнува од кавкаското подрачје.[3]

Шиш-ќебап со пилав, кромид, печени пиперки, парче домат (исто така печен) и листови од рукола.
Шиш-тавук
Кузу-шиш (шиш-ќебап од јагнешко)

Најчесто се подготвува од јагнешко месо (кузу-шиш)[4] но постојат варијанти со говедско или телешко месо (дана-шиш), сабјарка (килич-шиш)[5] и пилешко месо (тавук-шиш или шиш-тавук). Во Турција, шиш-ќебапот и зеленчукот што се сервира, се печат одвоено, односно не се печат на ист ражен.[6]

Во Пакистан, ова јадење се смета за традиционално, и се нарекува „сек-ќебап“ (Seekh kebabs). Пакистанската варијанта на ова јадење се подготвува од мелено месо со зачини, и печено на скара или ражен. Се пече во тандир, и се сервира со чтни сос (chutney) или сос од нане. Понекогаш се служи во лебче, слично како што се служи донер-ќебапот.

Варијанти на „шиш-ќебап“

Поврзано

Наводи