Шејлин Вудли

Шејлин Дајен Вудли (роден на 15 ноември 1991 г.)[1] — американска глумица.

Шејлин Вудли
Вудли во 2014
Роден(а)Шејлин Дајен Вудли
15 ноември 1991(1991-11-15)(32 г.)
Сан Бернандино, Калифорнија, САД
ЗанимањеГлумица
Активен период1999–сè уште

Таа ја започнала својата кариера глумејќи во телевизиски серии, привлекувајќи го вниманието на јавноста со серијата Тајниот живот на американскиот тинејџер (2008–13) во која играла главна улога. Својата прва филмска улога таа ја добила во драмата Потомци (2011), за која добила награда Спирит за најдобра глумица во споредна улога и номинација за Златен глобус за најдобра споредна глумица. За нејзината изведба во тинејџерската драма Спектакуларна сегашност (2013), таа и Мајлс Телер ја добиле специјалната награда за глума од жирито на Филмскиот фестивал Санденс, а исто така таа добила номинација за наградата Спирит за најдобра глумица во главна улога.

Вниманието на светската јавност, Вудли го привлекла со улогата на Беатрис Прајор во филмскиот серијал Различна и со улога на Хејзел Грејс во романтичната драма Виновни се ѕвездите (2014).[2]

Ран живот

Вудли е родена во Сан Бернандино, Калифорнија,[1] но израснала во Сими Вали, Калифорнија. Нејзината мајка, Лори,[1] е психолог во средно училиште, а нејзиниот татко, Лони, е директор во училиште.[3] Нејзиниот татко има англиско потекло, а нејзината мајка влеќе афроамерикански, креолски, англиски и швајцарски корени.[4] Таа има помлад брат.[5] На 15-годишна возраст и била дијагностицирана сколиоза.[6] Таа носела пластичен корсет долг од градите до колената со цел да го спречи искривувањето на ‘рбетот.[7]

Вудли учела во средното училиште Сими Вали.[8] Пред да ја добие улогата во Тајниот живот на американскиот тинејџер, таа планирала да студира внатрешно уредување на Њујоршкиот универзитет.[9]

Филмогафија

Филм

ГодинаНасловУлогаБелешки
2011ПотомциАлександра „Алекс“ Кинг
2013Спектакуларна сегашностЕјми Финеки
2014Бела птица во виулицаКатрина „Кат“ Конор
2014РазличнаБеатрис „Трис“ Прајор
2014Виновни се ѕвездитеХејзел Грејс
2015Различна: ПобунетиБеатрис „Трис“ Прајор
2016Различна: СледбенициБеатрис „Трис“ ПрајорПост продукција
2016СноуденЛиндзи МилсПост продукција

Телевизија

ГодинаНасловУлогаБелешки
1999Замена за татоМалечко девојчеТВ филм
2001–03ДистриктКристин Дебрено3 епизоди
2001–04Преминувајќи ја ЈорданМладата Џордан Кавано4 епизоди
2003Без трагаМладата Клер МеткалфЕпизода: „Clare de Lune“
2003–04Округот ОринџМладата Кетлин Купер6 епизоди
2004Сите го сакаат РејмондВообразена девојкаЕпизода: „Party Dress“
2004Место наречено домКалифорнија „Кали“ ФордТВ филм
2004–05Џек и БобиКлои Бенедикт2 епизоди
2005Фелисити: Авантура на американско девојчеФелисити МериманТВ филм
2005Некогаш одамна на душекотМолиТВ филм
2006Се викам ЕрлМладата ГвенЕпизода: „BB“
2007Истрага на местото на злосторството: ЊујоркИви ПирпонтЕпизода: „A Daze of Wine and Roaches“
2007Близу домаГаби ТерсиЕпизода: „Getting In“
2007Злосторства од минатотоСара ГанденЕпизода: „Running Around“
2007Проколнат летМаја БендерТВ филм
2008–13Тајниот живот на американскиот тинејџерЕјми ЏоргенсГлавна улога (121 епизода)

Наводи

Надворешни врски