Шварцатал

Шварцатал (германски: Schwarzatal) — мал град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот го добил своето име по долината на реката Шварца.

Шварцатал

Schwarzatal

Железничката станица Меленбах-Гласбах на линијата Шварцатал
Железничката станица Меленбах-Гласбах на линијата Шварцатал
Железничката станица Меленбах-Гласбах на линијата Шварцатал
Грб на Шварцатал
Шварцатал во рамките на Германија
Шварцатал
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаТирингија
ОкругЗалфелд-Рудолштат
Општ. заед.Шварцатал
Градски единици9
ГрадоначалникКатрин Кројпнер (независен)
Основни податоци
Површина25,98 км2
Надм. височина670 м
Население3.504 (31 декември 2020)[1]
 - Густина135 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.SLF, RU
Пошт. бр.98744
Повик. бр.036705
Порталwww.stadt-schwarzatal.com
Местоположба на градот Шварцатал во рамките на округот Залфелд-Рудолштат
Карта
Карта
Координати50°35′0″N 11°09′0″E / 50.58333° СГШ; 11.15000° ИГД / 50.58333; 11.15000

Била создадена на 1 јануари 2019 година со спојување на поранешните општини Меленбах-Гласбах, Мојзелбах-Шварцмиле и Обервајсбах.

Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

Соседни општини

Шварцатал се граничи со следниве градови и општини (почнувајќи на север, надесно): Кенигзе, Унтервајсбах, Десбах, Курсдорф, Кацхите и Гросбрајтенбах (округ Илм).

Градски единици

Градот се состои од следниве единици:

Политика

Градски совет

Градскиот совет на градот Шварцатал се состои од 16 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]

Партии / ЛистиМестаУдел
Слободни гласачи639,0 %
SPD / слободна листа422,4 %
Противпожарна бригада Шварцатал318,9 %
CDU214,5 %
Die Linke105,2 %
Вкупно16100 %
Излезност: 69,9 %

Градоначалник

Прва градоначалничка на градот Шварцатал е Катрин Кројпнер (независна, поддржана од слободните гласачи, SPD, Противпожарната бригада Шварцатал и Левица).[3]

Наводи

Надворешни врски