Шаховски турнир во Дортмунд

Шаховскиот турнир во Дортмунд (официјално Dortmunder Sparkassen Chess Meeting), познат и како Шаховски турнир Шпаркасен е еден од најпрестижните и најсилни шаховски турнири во светот. Турнирот е супер турнир на ФИДЕ и се одржува секоја година во текот на летото. На турнирот секоја година учествуваат врвни велемајстори, па турнирот секоја година е еден од најсилните во светот, во група со шаховските турнири во Вајк ан Зее и Линарес. Покрај главниот турнир, во рамките на настанот, секоја година се организираат турнири за шахисти во сите класи и категории. Во последните неколку години, турнирот се одржува во просториите на Дортмундскиот театар.

Анатолиј Карпов на турнирот во Дортмунд во 2000

На турнирот може да бидат поканети само најдобрите шахисти во светот (со најголем реjтинг), но исклучок од ова е покана до победникот на Аерофлот тунирот, кој секоја година се одржува во Москва, а на кој може да учествуваат шахисти со Ело рејтинг помал од 2550 бода.

Турнирот, обично се игра во Бергеров систем, при што секој учесник треба да одигра две партии (една со бели и една со црни фигури).

Историја

Портал  · Историја
Основи

Фигури  · Табла  · Правила
Стратегија  · Тактика  · Запис

Теорија

Отворање  · Средишница
Завршница  · Мат
Пешачка структура  · Принуден потег
Темпо  · Опозиција

Натпреварувања

Олимпијада
Вајк ан Зее  · Линарес  · М-Тел Мастерс
Дортмунд  · Нанѓинг

Организации

ФИДЕ  · ПША

Списоци

Поими  · Книги  · Партии
Отворања  · Силни турнири

Првиот турнир се одржал во 1973, како меѓународниот германско првенство, а прв победник бил Ханс-Јоаким Хехт. Но, во Дортмунд, во 1928, 1951 и 1961 се одржале три значајни турнири, кои важат за предвесници на турнирот. За некои шахисти, овој турнир бил почеток на успешна кариера, а меѓу нив се вбројуваат: За неколку од светската елита играчи, на турнирот означени почетна точка на својата кариера: Петар Леко (за првпат учествувал во 1991) и Владимир Крамник (на турнирот во 1992 ја исполнил велемајсторската норма). Турнирот во 1992 бил најсилниот шаховски турнир којшто нкогаш бил организиран во Германија. На турнирот победил светскиот првак Гари Каспаров, иако загубил две партии (против Гата Камски и Роберт Хибнер). Во 2002, турнирот претставуваше турнир на кандидатите, на кој победникот Петар Леко го предизвика светскиот првак според ПША Владимир Крамник на меч за светски првак, кој се одржа во 2004.

Во 2005, турнирот достигна 19. категорија, што значи дека просечниот Ело рејтинг на учесниците изнесуваше 2700 бода. на турнирот, изнeнадувачки победи младиот германски велемајстор Аркадиј Најдич, којшто со 19 години е најмладиот победник на турнирот досега. Најмногу победи на турнирот воопшто има Владимир Крамник, кој бил победник 9 пати.

Во 2006, турнирот се одржа од 28 јули до 6 август, а учествуваа шест од најдобрите 10 шахисти според ранг списокот на ФИДЕ во светот. На турнирот победи Владимир Крамник, а ист број на победи имаше и Петар Свидлер.

Турнирот во 2007, се одржа од 23 јуни до 1 јули. На турнирот учествуваа Ананд, Крамник, Мамедјаров, Леко, Гелфанд, Најдич, Карлсен и Алексеев. Просечниот Ело рејтинг на турнирот изнесуваше 2727 бода, па турнирот беше од 20. Победник беше Крамник со резултат 5/7.

Во 2008, учествуваа Крамник, Мамедјаров, Леко, Иванчук, Најдич, Густафсон, Непомнијашиј и Ван Вели. Турнирот се одржа од 28 јуни до 6 јули, а победник на турнирот беше Петар Леко, кој оствари резултат 4,5/7. Владимир Крамник, кој победи на турнирот во претходните две години оствари невообичаено лош резултат 3/7.

Во 2009, турнирот се одржа од 2 до 12 јули. На турнирот учествуваа Крамник, Леко, Карлсен, Јаковенко, Бакро и Најдич. на турнирот победи Крамник со резултат 6,5/10, пред Карлсен, Леко и Јаковенко со по 5,5 бода. секоја со 5,5 бода. Ова беше деветтата рекордна победа на Крамник на овој турнир.

Победници на турнирот

Пред 1973

ГодинаПобедникЗемја
1928Фриц Земиш  Германија
1951Алберик О'Кели де Голвеј  Белгија
1961Марк Таиманов СССР

По 1973

ГодинаПобедникЗемја
1973Хејки Вестеринен  Финска
1974Виктор Чокалтеа  Романија
1975Хејки Вестеринен  Финска
1976Борис Спаски СССР
1977Олег Романишин СССР
1978Јан Шмејкал Чехословачка
1979Тамаз Гиоргадзе СССР
1980Рејмонд Кин  Англија
1981Генадиј Кузмин СССР
1982Властимил Хорт Чехословачка
1983Јехуда Грунфелд Израел
1984Борис Спаски СССР
1985Јури Разуваев СССР
1986Золтан Рибли  Унгарија
1987Јури Балашов СССР
1988Смбат Лпутјан СССР
1989Ефим Гелер СССР
1990Александар Чернин СССР
1991Игор Стол Чехословачка
1992Гари Каспаров  Русија
1993Анатолиј Карпов  Русија
1994Јерун Пикет  Холандија
1995Владимир Крамник  Русија
1996Владимир Крамник  Русија
1997Владимир Крамник  Русија
1998Владимир Крамник  Русија
1999Петар Леко  Унгарија
2000Владимир Крамник  Русија
2001Владимир Крамник  Русија
2002Петар Леко  Унгарија
2003Виктор Бологан  Молдавија
2004Вишванатан Ананд Индија
2005Аркадиј Најдич  Германија
2006Владимир Крамник  Русија
2007Владимир Крамник  Русија
2008Петар Леко  Унгарија
2009Владимир Крамник  Русија
2010Руслан Пономариов  Украина
2011Владимир Крамник  Русија
2012Фабијано Каруана  Италија
2013Мајкл Адамс  Англија
2014Фабијано Каруана  Италија
2015Фабијано Каруана  САД
2016Максим Вашје-Лаграв  Франција
2017Радослав Војташек  Полска
2018Јан Непомњашчи  Русија
2019Ленјер Домингес Перес  САД

Надворешни врски