Ченаб или Чанаб (пенџапски: ਚਨਾਬ, урду: چناب, хинди: चनाब) — значајна река во Индија и Пакистан. Извира во горните делови на Хималаите, во округот Лахаул и Спити на сојузната држава Химачал Прадеш, Индија. Тече низ Џаму (сој. држ. Џаму и Кашмир) и продолжува во низината на Пенџаб, Пакистан. По договор, водите на Ченаб му припаѓаат на Пакистан.[3][4]