Чарлс Хард Таунс

Чарлс Хард Таунс (англиски: Charles Hard Townes 28 јули 191527 јануари 2015) — американски физичар, нобеловец[1][2] и пронаоѓач. Таунс бил познат по неговата работа окулу теоријата и примената на масерот, со кој основал патент, и друга работа на полето на квантната електроника поврзано со масерските и ласерските уреди.[3][4][5][6][7][8][9][10][11] Тој ја поделил Нобеловата награда за физика во 1964 со Николај Басов и Александар Прохоров.[12][13][14][15]

Чарлс Хард Таунс
Таунс во 2007
Роден(а)јули 28, 1915(1915-07-28)
Гринвил, Јужна Каролина, САД
Починал(а)јануари 27, 2015(2015-01-27) (возр. 99)
Оукленд, Калифорнија, САД
ЖивеалиштеАмерика
НационалностСАД Американец
ПолињаФизика
Установи
  • Калифорниски универзитет
  • Белови лаборатории
  • Институт за одбранбени анализи
  • Колумбиски универзитет
  • Масачусетски институт за технологија
  • Мичигенски универзитет
Образование
  • Фурмански универзитет
  • Дјукски универзитет
  • Калтех
Теза„Концентрација на тежок јаглероден изотоп и мерење на јадрениот спин“ (1939)
Докторски менторВилијам Смитх
Докторанди
  • Али Џаван
  • Џејмс Гордон
  • Роберт Бојд
  • Рејмонд Чјао
Познат поМасери
Поважни награди
  • Комстокова награда за физика (1958)
  • Џон Картиева награда (1961)
  • Јангов медал и награда (1963)
  • Нобелова награда за физика (1964)
  • IEEE медал на честа (1967)
  • Национален научен медал (1982)
  • Ломоносов златен медал (2000)
  • Ваневар Бушиева награда (2006)
  • SPIE златен медал (2010)
СопружникФренсис Браун (в. 1941)

Рани години

Таунс се родил во Гринвил, Јужна Каролина, син на Елен Самтер Таунс (Хард; 1881-1980) и Хенри Кит Таунс (1876-1958), адвокат.[16] Тој добил дипломи во Фурмановиот универзитет. Таунс ја завршил работата за дипломата магистер на науки по физика во Дјукскиот универзитет во 1936, а потоа се запишал во Калифорнискиот институт за технологија, каде ја добил неговата докторска диплома во 1939.[17] За време на Втората светска војна тој работел на радарски бомбашки системи во Беловите лаборатории.[1]

Кариера

Чарлс Хард Таунс

Таунс бил избран за професор во 1950 во Колумбиски универзитет.[1] Тој работел како извршен директор во колумбиската лабораторија за зрачење од 1950 до 1952. Тој бил директор на одделот за физика од 1952 до 1955.[1]

Теоретичари како Нилс Бор и Џон фон Нојман се сомневале во веројатноста за создавање на масер.[18] Нобеловците Исидор Ајзек Раби и Поликарп Куш добиле финансиски средства за нивното истражување од истиот извор како и Таунс. Три месеци пред првиот успешен експеримент, тие пробале да го запрат:

„Види, треба да престанеш со работата која ја правиш. Нема да успее. Ти знаеш дека нема да успее, ние знаеме дека нема да успее. Само си ги трошиш парите, едноставно престани!“[19]

Како член на Обединетата Христова црква, Таунс сметал дека „науката и религијата се прилично паралелни, многу послични отколку другите луѓе што мислат и дека на крајот, тие мора да се спојат.“[20]

Во 1953, Таунс, Џејмс Гордон и Зигер го изградиле првиот амонијашки масер во Колумбискиот универзитет.[1] Овој уред користел стимулирана емисија во прилив на енергетизирани молекули на амонијак за да дојде до засилување на микробрановите на честота од окулу 24.0 гигахерци.[1]

За неговото создавање на масерот, Таунс заедно со Николај Басов и Александар Прохоров ја добил Нобеловата награда за физика во 1964.[1]

Таунс исто така ја пионеризирал употребата на масерите и ласерите во астрономијата, како дел од тимот кој прв ги открил комплексните молекули во вселената и ја одредил масата на супермасивната црна дупка во центарот на Млечниот Пат.[21]

Помеѓу 1966 и 1970, тој бил директор на НАСА научниот советодавен комитет за Аполо проектот за месечево слетување.

Во последните неколку години, Таунс работел како предавач на Карл Шварцшилд во Германија и предавач на Бирла и Ервин Шредингер во Индија.[1]

Личен живот

Таунс се оженил со Френсис Х. Браун во 1941.[1] Тие живееле во Беркли, Калифорнија.[1] Тие имале четири ќерки, Линда Роузвин, Елен Андерсон, Карла Кеслер и Холи Таунс.[1]

Таунс починал на деведесет и девет годишна возраст во Оукленд, Калифорнија, на 27 јануари 2015.[22]

Почести и награди

Таунс (десно) ја прима Ваневар Бушиевата награда, 2006

Таунс е широко познат за неговата научна работа и водство.

  • 1956 — избран за член на Националната академија на науките.
  • 1957 — избран за соработник на Академијата на науките и уметностите на САД.[23]
  • 1958 — награден со Комстокова награда за физика од Националната академија на науките.[24]
  • 1959 — награден со Ричмејеровата спомен награда од Американското здрушение на професори по физика.[25]
  • 1961 — Richtmyer Дејвид Сарнофиева електронска награда доделена од Институтот за електично и електротехничко инженерство, а исто и Румфордова награда доделена од Академијата на науките и уметностите на САД.
  • 1962 — Џон Џ. Картиева награда за напредок во науката доделена од Националната академија на науките.[26]
  • 1962 — Стјуарт Балантинов медал доделен од Франклиновиот институт.
  • 1963 — Јангов медал и награда, за истакнати истражувања на полето на оптиката доделени од Институтот за физика.
  • 1964 — Нобелова награда за физика со Николај Басов и Александар Прохоров за придонес во основоположничката работа во квантната електроника која довела до создавање на масерот и ласерот.
  • 1979 — Бил награден со Нилс Боровиот меѓународен медал, за придонес во мирољубивата употреба на атомската енергија.
  • 1980 — Таунс бил примен од страна на неговата домашна држава во Холот за наука и технологија на Јужна Каролина,а исто така бил награден со цитат.
  • 1982 — Тој го добил Националниот научен медал, доделен од претседателот Роналд Реган.
  • 1983 — назначен во Папската академија на науките.
  • 1994 — избран за странски чнел на Руската академија на науките.
  • 1996 — награден со Фредерик Ивиев медал од Оптичкото друштво на САД
  • 1997 — Јанскиево предавање пред Националната радиоастрономска опсерваторија
  • 1998 — награден со Раселово предавање од Американското астрономско друштво.
  • 2000 — награден со Ломоносов златен медал од Руската академија на науките.
  • 2003 — награден со Телјурајдска фестивалска награда за технологија во Телјурајд (Колорадо).
  • 2004 — награден со Италијанско друштво за оптика и фотоника Архивирано на 14 мај 2015 г. (SIOF) медал "Galileo".
  • 2005 — награден со Темпелтонова награда за „напредок во истражувањето или откритијата окулу духовните реалности“.
    • Тој исто така бил награден со леКонтиева плакета.
  • 2006 — Заедно со соработникот Рај Реди, Таунс бил награден со Ваневар Бушиевата награда за доживотни придонеси и државништво во науката
  • 2008 — На 24 мај Таунс добил почесен докторат за хумани писма од Редленскиот универзитет.
  • 2010 — SPIE златен медал
  • 2011 — на 14 мај Таунс добил почесен докторат за наука од Тексаскиот универзитет
  • 2012 — награден со Награда „Златна гуска“ за владино-основано истражување со неочекувани апликации
  • 2012 — награден со Ненси ДеЛој Фицрој и Роланд Фицроев медал од Американското друштво на машински инженери

Одбрани објавени дела

Делата на Таунс биле широко објавени во книги и рецензирани статии,[13] меѓу кои:

  • Gordon, J.; Zeiger, H.; Townes, Charles (1955). „The Maser—New Type of Microwave Amplifier, Frequency Standard, and Spectrometer“. Physical Review. 99 (4): 1264. Bibcode:1955PhRv...99.1264G. doi:10.1103/PhysRev.99.1264.
  • Shimoda, K.; Wang, T.; Townes, Charles (1956). „Further Aspects of the Theory of the Maser“. Physical Review. 102 (5): 1308. Bibcode:1956PhRv..102.1308S. doi:10.1103/PhysRev.102.1308.
  • Schawlow, Arthur; Townes, Charles (1958). „Infrared and Optical Masers“. Physical Review. 112 (6): 1940. Bibcode:1958PhRv..112.1940S. doi:10.1103/PhysRev.112.1940.
  • Townes, Charles (1999). How the Laser Happened: Adventures Of a Scientist. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-512268-8.
  • Townes, Charles; Schawlow, Arthur (1955). Microwave Spectroscopy. McGraw-Hill. ISBN 978-0-07-065095-4.
  • Townes, Charles (1995). Making Waves. American Institute of Physics Press. ISBN 978-1-56396-381-0.

Наводи

Надворешни врски