Церје

Церје — село во Мала Преспа, Република Албанија, Општина Пустец во округот Горица.

Церје
Село
Церје is located in Албанија
Церје
Церје
Координати: 40°44′58″N 20°58′32″E / 40.74944° СГШ; 20.97556° ИГД / 40.74944; 20.97556
ДржаваАлбанија
ОбластГорица
ОкругГорица
ОпштинаПустец
Население (2000)
 • Вкупно252
Час. појасСредно Европско Време (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Географија и местоположба

Церје е село во областа Мала Преспа, која денес е под Албанија. Атарот на селото граничи со атарите на следните села: од север со Зрновско, и со територијата на Република Грција, во тој склоп со селата Граждено, и некогашното село Орово, од југ со Ракицко и Мачуришта, на запад со селото Ѕвезда.[1]

Топонимија

Ова е список на позначајните топоними во Церје и неговата околина:[2]

Бого Поле, Ваковското, Влашка Вода, Гини Вода, Гробиштата, Гумејнца, Дабјето, Зеленото, Иван, Илија, Јанкулоите, Кленче, Кончината, Крај, Лазоите, Крушите, Орлои Ливади, Пијојте, Преслапката, Репреи Круши, Ридишта, Тодорица, Трлиштата, Тумејнца, Церје.

Историја

Церје е старо повеќевековно село, за селото се вели дека ја има преместено својата местоположба, за претходна локација на селото се спомнува месноста Ридиштата, која се наоѓа 0,3 км источно од денешната. Се вели дека тогаш селото целосно се раселило, а потоа пак било населено со население кое дошло од околните села (Орово, Граждено, Нивици, Зрновско и други)

Во ова село е роден Божин Спасов кој учествувал во Кресненското востание.

Во почетокот на Втората светска војна селото со анексија на Албанија, потпадна под фашистичка Италија, со што се најде во зафатот од Грчко-италијанската војна. Церјани биле мобилизирани во албанската војска, а имало и загинати. По капитулацијата на Италија Церје беше слободна територија на НОАД Албанија. Во почетокот на 1943 година борците на одредот „Даме Груев“ формираа НОК, а во април 1944 година на пат за Дебрца, низ селото поминаа и борците на Првата македонско-косовска ударна бригада. Во текот на оваа војна како борци на албанската НОАБ се вклучите 4 борци.[1]

Стопанство

Демографија

1900 година според Васил К’нчов селото броело 120 православни Македонци.[3][4]

ГодинаНаселение
1900120
192698
1945175
1960250
1969308
1979308
1989297
2000252 [5]

Родови

Церје е чисто македонско православно село, во него живеат следните македонски родови:

Гочевци, Гујовци, Доневци, Журковци (доселени од Пустец), Лазаровци (доселени од Орово), Наумовци, Спировци, Спирковци, Штерјовци (доселени од Нивици), Ридовци, Танасковци (Сотировци), Трповци (доселени од Граждено), Трајковци и Цветковци.[1]

Општествени установи

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

  • Ксеанела Сотирофски (р. 9 август 1979) — ректорка на универзитетот „Александар Мојсиу“ во Драч;[6][7]
  • Јован Шкмби (р. 28 јануари 1954) — претседател на друштво „Преспа“, огранок Поградец, советник од Македонска алијанса за европска интеграција во советот на општина Поградец;[8]
  • Сотир Неделко Јошев — македонски револуционер од ВМОРО.[9]

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Наводи

Надворешни врски