Цената на градот (филм)

„Цената на градот“ — македонски филм од 1970 година. Го режирал Љубиша Георгиевски, а сценариото го напишал Симон Дракул.

„Цената на градот“
РежисерЉубиша Георгиевски
СценаристСимон Дракул
Главни улогиАцо Јовановски
Ацо Стефановски
Драги Костовски
Петар Стојковски-Бабец
Жанрвоен
МузикаКирил Македонски
КинематографијаБранко Михајловски
МонтажаВангел Чамчев-Лаки
ДистрибутерВардар филм
Премиера1970
Времетраење79 мин.
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Содржина

При крајот на Втората светска војна едно гратче во Македонија е под германска окупација. Во овие последни денови на окупацијата, жителите ослободуваат руски и италијански војници. Германскиот командант бара од граѓаните да ги предадат ослободените заробеници, заканувајќи се дека во спротивно ќе го минира градот. Но, љубовта што командантот ја чувствува за гимназијалката Елена го попречува во извршувањето на злосторството. Како откуп за градот ја бара девојката. Таткото на Елена, свештеник, се жртвува себеси и ќерка си, и ги венчава. Партизаните влегуваат во градот и во германскиот штаб ги убиваат штотуку венчаните, во моментот кога на лицето на Елена за првпат се забележува симпатија кон германскиот командант.

Улоги

ГлумецУлога
Ацо ЈовановскиНајдо
Ацо СтефановскиПрофесорот
Драги КостовскиРихтeр
Драгомир ФелбаПоп Климе
Јурие ДариеКомaндaнт Ото Хорст
Петар СтојковскиХанс
Силвија БадескуЕлена

Останати улоги  ▼

ГлумецУлога
Дарко Дамевски
Димче СтефановскиЗаложник 1
Јосиф ЈосифовскиКнајпер
Јон ИсајаЗаложник 2
Кирил ЌортошевЗаложник 3
Љубиша ТрајковскиЏовани
Вукан ДиневскиИван
Предраг ДишљенковиќЗаложник 4
Нада ГешоскаСтарица 1
Мара ИсајаСтарица 2

Надворешни врски