Хорор-панк

Хорор-панк (исто така познат како хорор-рок) — музички жанр кој меша протоготски и панк-рок звуци со морбидно и насилни и стихови кои често се под влијание на хорор-филмови и научнофантастични б-филмови. Жанрот е сличен на, а понекогаш и се поклопува со дет рок, иако дет рокот повеќе се склонува кон атмосферски готски рок звук, додека хорор-панкот се потпира на ду-воп и рокабили звук под влијание на 1950-тите. Хорор-панк музиката е типично поагресивна и мелодична од дет рок. Многу чинови користат ироничен, хумористичен или сатиричен пристап кон жанрот.[1][2]

Хорор-панк
Стилско потекло:Панк рок, хорор-филмови
Културно потекло:Доцни 1970ти, Њу Џерси, Соединетите Држави
Својствени инструменти:
Популарен:
Други теми
Хорор-панк бендот Mistfits од САД, настапувајќи во 1998 година.

Mistfits и нивниот прв главен вокал Глен Данзиг се признати како предци на хорор-панкот.[3] Бендови како Undead (основани од поранешниот гитарист на Mistfits, Боби Стил), Screaming Dead, Damned, the Cramps, TSOL, 45 Grave и Rosemary's Babies исто така се сметаат за класични хорор-панк бендови. Во поскорешните групи вклучуваат Murder City Devils, Blitzkid, The Rosedales, Mister Monster и некои дела на AFI и Alkaline Trio.[4]

Хорор-панкот е воглавно аполитичен во споредба со другите панк-рок жанрови, иако некои песни се однесуваат на политички настани (на пр. „Bullet“ на Mistfits, кој зборува за атентатот врз Џон Кенеди) и некои уметници како Џек Гришам (за политичката левица) и Михал Грејвс (за политичката десница) кои ги поддржале сопствените политички ставови.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски