Хорн (Хамбург)

Хорн — кварт во округот Хамбург-Мите, во источниот дел на Хамбург, Германија.

Хорн
Кварт во Хамбург
Згради од тули на улицата Horner Landstraße
Згради од тули на улицата Horner Landstraße
Згради од тули на улицата Horner Landstraße
Хорн во рамките на Германија
Хорн
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаХамбург
ГрадХамбург
РеонХамбург-Мите
Основни податоци
Површина6 км2
Население36.890  
 - Густина6.148 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.HH
Повик. бр.040
Местоположба на Хорн во рамките на Хамбург
Карта
Карта
Координати53°33′0″N 10°5′0″E / 53.55000° СГШ; 10.08333° ИГД / 53.55000; 10.08333

Историја

Хорн на воена карта во 18-от век.

Во текот на Втората светска војна Хамбург, а со тоа и Хорн биле цело на воздушните напади во т.н. Операција Гомора.

Географија

Хорн се наоѓа во источниот дел на градот Хамбург и припаѓа на округот Хамбург-Мите. Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн имал вкупна површина од 5,9 км2. На северот е квартот Маринтал од округот Вандсбек и квартот Билштет на исток. На запад се квартовите Хам-Норд, Хам-Мите и Хам-Зид; на југ е квартот Билброк.

Демографија

Во 2007, населението во квартот Хорн било 36.890. Густината на населеност била 6.273 жители на км2. 15,5% биле деца под 18 години, а 17,9% имале 65 години или повеќе. 22,5% биле странци. 2.765 лица биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999, имало 19.604 домаќинства и 51% од сите домаќинства биле составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинтвото била 1,82.[2]

Во 2007, имало 4.237 кривични дела (115 дела на 1000 жители).[3]

Население по години[3]

1987198819891990199119921993199419951996199719981999
37.13937.21637.58838.50239.04739.23739.11538.59738.02137.81737.34436.40235.881
20002001200220032004200520062007
35.52235.35035.91035.97136.29136.30236.49036.890

Образование

Во 2006, имало 5 основни и 5 средни училиша во квартот Хорн со 3.894 ученици.[4]

Спорт

Deutsches Derby е коњска трка која се одржува на Хорнер Ренбан секоја година во јули.[5]

Инфраструктура

Здравствен систем

Во 2007, имало 16 дневни центри за децата, 44 лекари во приватни ординации и 8 аптеки.[3]

Сообраќај

Поглед на влезот на станицата за У-Бан Horner Rennbahn.

Хорн е опслужуван од железничкиот систем на подземната железница преку станиците: Horner Rennbahn и Legienstraße (линијата U2 од промената на линиите). Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Хорн биле регистрирани 9.310 приватни возила (252 возила на 1000 луѓе) во 2007 и 131 сообраќајна несреќа.[3]

Наводи

Надворешни врски