Музиката и текстот биле напишани во 1873 година од Карлис Бауманис, наставник, кој бил дел од националистичкото движење Млади Латвијци.[1] Се шпекулирало дека Бауманис можеби позајмил дел од текстот од популарната песна која била пеена во мелодијата на Боже, чувај го Кралот, менувајќи ја и правејќи сопствена музика. Стиховите на Бауманис биле различни од денешните: го користел терминот „балтски“ како синомим со „Латвија“ и „Латвијци“, па така „Латвија“ била спомната само на почетокот на првиот стих. Подоцна, терминот „Латвија“ бил повлечен и заменет со „балтски“ да се избегне забрана на песната. Ова довело до недоразбирање дека терминот „Латвија“ не бил дел од песната до 1920 година, кога бил избрана за државна химна и зборот „балтски“ бил заменет со „Латвија“.[2][3]
Мелодијата на химната била осовременета со нова верзија во Ф-дур, која се користи од 2014 година, поранешната верзија во Г-дур била користена како најавна и одјавна шпица на дневниците на ЛТВ од 2011 до 2013 година.