Харалд Андерсон

Харалд „Слактарн“ Андерсон (2 април 1907 – 18 мај 1985) — шведски атлетичар кој се натпреварувал во дисциплината фрлање диск. Во 1934 година тој ја освоил европската титула[1] и бил сопственик на светскиот рекорд во фрлање диск осум месеци. Истата година тој го добил признанието за „најзначајно шведско спортско остварување во годината“.[3]

Харалд Андерсон
Харалд Андерсон во 1934 година
Лични податоци
Роден(а)2 април 1907(1907-04-02)
Станфорд, САД
Починал(а)18 мај 1985(1985-05-18) (возр. 78)
Нинесхамн, Шведска
Висина&100000000000000019099991,91 м
Тежина99 kg (218 lb)
Спорт
СпортАтлетика
ДисциплиниФрлање диск
Успеси и титули
Лични рекорди53.02 метри (1935 г.)[1][2]

Кариера

Андерсон бил шведски шампион секоја година од 1932 до 1935 и најдобар светски фрлач на диск во 1934 и 1935 година.[3][4] Тој го соборил светскиот рекорд на американецот Пол Џесап од 51.73 метри двапати во исто натпреварување (двоен натпревар помеѓу шведските и норвешките тимови во Осло) на 25 август 1934 година, префрлајќи најпрво 52.20 метри а потоа и 52.42 метри;[5] вториот резултат бил официјално ратификуван од ИААФ.[6] На Европското првенство 1934 во Торино две недели подоцна Андерсон префрлил 50.38 метри и победил убедливо пред Пол Винтер и Иштван Доноган.[7]

Андерсон го загубил приматот светски рекордер во април 1935 година, кога германецот Вили Шредер префрлил 53.10 метри во Магдебург;[6] но сепак, тој останал најдобар светски фрлач, бидејќи Шредер не бил во постојана форма на големите натпреварувања и имал здравстевни проблеми.[5] Андерсон ги освоил титули на шведското и британското државно натпреварување истата година,[3] и на 13 октомври тој го подобрил шведскиот државен рекорд на 53.02 метри во Еребру.[5][8] Тој бил главен фаворит на Летните олимписки игри 1926 во Берлин, но се повредил самиот пред игрите;[3] тој се обидел да се натпреварува во квалификациите, но успеал да прфрли околу 38.5 метри и не успеал да се квалификува во финалето.[9]

Наводи

Рекорди
Претходник
Пол Џесап
Светски рекордер во фрлање диск
25 август 1934 – 28 април 1935
Наследник
Вили Шредер