Ханс Ем

Ханс Ем (6 јуни 1898, Марибор - 9 јули 1992, Скопје), инженер, професор на Шумарскиот факултет во Скопје, најстариот член на МАНУ. Бил учесник во НОВ на македонскиот народ од 1941 година.

Ханс Ем
Роден6 јуни 1898
Марибор,  Австроунгарија
Починал9 јули 1992
Скопје,  Македонија
НационалностГерманец
Занимањеинженер, професор на шумарски факултет

Животопис

Ем дипломирал на Високата школа за култура на земјиштето во Виена во 1923 година. Службувал во шумарските оперативи на подрачја од Србија, Косово, Црна Гора и од Македонија. Во Банската управа и Дирекцијата за шуми во Скопје работел на воведувањето смоларење во боровите шуми во Македонија и на преработка на смолата. Назначен е за прв директор на Шумарскиот институт во Скопје (1944). Бил професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1947–1968) и негов декан (1953/54). Член е на Научниот совет за изработка на вегетациска карта на Југославија. Редовен член на МАНУ. Еминентен шумарски стручњак на меѓународен план. Прв научник и проучувач е на дендрофлората и шумските заедници во Македонија. Публикувал „Преглед на дендрофлората на Македонија“ (1967). Изготвил прва скрипта за фитоценологија, го формирал и го раководел арборетумот во Трубарево, еден од најбогатите на просторот од Југославија. Открил нови дрвни и растителни видови за македонската и светската дендрофлора. Публикувал бројни трудови во домашни и во странски списанија.[1]

Наводи