Фумарола
Фумарола (италијански: fumarola) или чадилка — отвор во Земјината кора во вулканско подрачје, од код кој избиваат пареа и гасови како јаглерод диоксид, сулфур диоксид, хлороводород и сулфурводород. Струјата настанува кога прегреаната вода кондензира со снижувањето на притисокот при излегувањето од земјата. Фумаролата која испушта сулфурни гасови се нарекува солфатара (од италијански: solfo, сулфур).
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/89/Fumarola%2C_Vulcano%2C_Sicilia%2C_Italia%2C_2015.gif/220px-Fumarola%2C_Vulcano%2C_Sicilia%2C_Italia%2C_2015.gif)
Ваквата образба може да се јави на места од многу мали пукнатини, па сè до големи расцепи, во безредни китки или полиња, но и на површините на лавини текови и дебели наслаги од пирокластични текови. фумаролско поле е подрачје со топли извори и гасни отвори каде магма или врелите магматски карпи се сместени плитко и испуштаат гасови или доаѓаат во допир со подземните води.[1]
Фумаролите опстануваат со десетлетија или векови ако се сместени над долготраен извор на топлина; може да исчезне во текот на неколку седмици или месеци ако е поставена врз нова вулканска наслага која бргу се разладува. На пример, Долината на Десет Илјади Чадови е создадена во 1912 г. со избувот на Новарупта во Алјаска. Првично се јавиле илјадници фумароли во пепелот, но како што тој се ладел, тие постепено исчезнувале и денес се исчезнати.
Оние фумароли кои испуштаат сулфурни испаренија од површински наслаги се искористуваат за добивање на сулфур. Таков пример е фумаролата Дувало кај с. Косел, Охридско од која се вадел сулфур во турско време.
Поврзано
- Мофета
- Кален вулкан
Наводи
Надворешни врски
Фумарола на Ризницата ?
- Фотопоимник: Фумарола — USGS (англиски)