Фудбалска репрезентација на Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија — државната фудбалска екипа на Македонија, раководена од Фудбалската федерација на Македонија. Најчесто, македонската фудбалска репрезентација ги игра домашните натревари во Национална арена „Тоше Проески“ во Скопје.

 Македонија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Црвени Лавови
Црвено-ЖолтиРисови
СојузФФМ
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторМакедонија Благоја Милевски
КапитенЕнис Барди
Најмногу настапиГоран Пандев (122)
Најдобар стрелецГоран Пандев (38)
Домашен стадионНационална арена „Тоше Проески“
ФИФА кодMKD
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално74 (21 октомври 2021)[1]
Највисок46 (октомври 2008)
Најнизок166 (март 2017)
Прв меѓународен натпревар
Словенија Словенија 1 - 4 Македонија Македонија
(Крањ, Словенија; 13 октомври 1993)
Најголема победа
Лихтенштајн Лихтенштајн 1- 11 МакедонијаМакедонија
(Ешен-Маурен, Лихтенштајн; 9 ноември 1996)
Најлош пораз
 Македонија 0 - 5  Белгија
(Скопје, Македонија; 7 јуни 1995)
 Македонија 0–5 Словачка 
(Скопје, Македонија; 7 октомври 2001)
 Унгарија 5–0 Македонија 
(Будимпешта, Унгарија; 14 ноември 2001)
 Чешка 6–1 Македонија 
(Теплице, Чешка; 8 јуни 2005)
 Англија 7-0  Македонија
(Манчестер, Англија; 19 јуни 2023)

Историја на македонската репрезентација

Почетоците на фудбалот во Македонија датираат уште од почетокот на XX век. Македонскиот фудбалски сојуз бил формиран 14 август 1949 во Скопје, како дел од Фудбалскиот сојуз на Југославија. Најпознати играчи од Македонија кои играле во репрезентацијата на Југославија се: Кирил Симоновски - Џина, Благоја Видиниќ, Методија Спасовски, Андон Дончевски, Дарко Панчев, Илија Најдоски и други.

Првиот свој натпревар, фудбалската репрезентација на Македонија го одиграла на 13 октомври 1993 година, во Крањ, против репрезентацијата на Словенија која ја победила со резултат 4:1. Притоа, Македонија настапила со следниов состав: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (од 63. минута, Неџмедин Мемеди), Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Чеде Јаневски, Зоран Бошковски (од 86. минута, Ванчо Мицевски), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (од 12. минута, Горан Георгиевски, а од 73. минута, Саше Милошевски) и Тони Мицевски. Селектор на репрезентацијата бил Андон Дончевски. Уште во третата минута, Зоран Бошковски - Чоко го постигнал првиот гол во историјата на македонската репрезентација, во 37. минута Дарко Панчев зголемил на 2:0, а три минути подоцна, Словенија намалила на 1:2, со голот на Пате. Потоа, во 48. минута, Чеде Јаневски зголемил на 3:1, а конечниот резултат го постигнал Драган Канатларовски, во 51 минута.[2]

Во 1994 година, Македонија станала членка на ФИФА, на УЕФА и на Балканската Фудбалска Федерација. Националната репрезентација со официјални активности започнала во 1994 година, во квалификациите за ЕП 1996, кога Македонија била во групата со: Ерменија, Белгија, Кипар, Данска и Шпанија. Оттогаш наваму, Македонија учествува во сите натпревари на УЕФА и ФИФА.

Стадион

Националната арена Филип II Македонски во Скопје е стадионот на кој македонската фудбалска репрезентација ги игра натпреварите на домашен терен. Поранешното име на стадионот е "Градски стадион". Стадионот е изграден во 1947 годинаа, денешнната форма започнал да ја добива во 1978 година, кога започнала изградба на јужната трибина, која била завршена за две години. Во 2009 година, завршила реконструкцијата на северната трибина.

Национална Арена „Филип II Македонски

На 12 август 2009 година, по повод 100-годишнината од фудбалот во Македонија, пред 30.000 гледачи, фудбалската репрезентација на Македонија одиграла пријателски натпревар на реновираниот стадион, против тогашниот европски шампион Шпанија. Натпреварот завршил со пораз на Македонија од 2:3, иако македонската репрезентација на полувремето водела со 2-0, со двата гола на Горан Пандев. На 24 април 2011 година, во употреба биле пуштени источната и западната трибина, со што комплетно завршила првата фаза од реконструкцијата. Максималниот капацитет на стадионот изнесува 36.400 гледачи.

Асови на македонскиот фудбал

Македонската репрезентација на ранг-списокот на ФИФА

1994 година

На 17 мај 1994 година, репрезентацијата на Македонија за прв пат се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 147. место, со само 3 одиграни натпревари. Потоа, на декемвриската ранг-листа, Македонија се искачи на ФИФА ранг листа и се нашла на 90 место со 15 бода.

1995 година

Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 94. место со 22 бода, што е за 4 места послабо од 1994 година.

1996 година

Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 86. место со 29 бода, што е за 4 места подобар пласман од 1995 година.

1997 година

Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 86. место со 29 бода, што е за 4 места подобар пласман од 1995 година.

2014 година

По завршувањето на квалификациите за СП во Бразил, репрезентацијата на Македонија паднала за 11 места на ранг-списокот на ФИФА, објавена во октомври 2013 година, заземајќи го 86. место со 430 бодови.[6]

Истовремено, на првото рангирање на фудбалските репрезентации за 2014 година, спроведено од страна на ФИФА, македонската фудбалска репрезентација го зазела 84. место, со вкупно 425 бодови.[7]

Во март 2014 година, фудбалската репрезентација на Македонија се искачила на 82. место на ранг-списокот на ФИФА, со вкупно 421 бод, што претставувало подобрување за едно место во споредба со претходното рангирање.[8]

На ранг-списокот на ФИФА од август 2014 година, Македонија била на 76. место, со 407 бодови, со што паднала за две места во споредба со рангирањето од јули.[9]

На ранг-списокот на ФИФА, објавен на 18 септември 2014 година, репрезентацијата на Македонија забележала пад од дури 36 места. Притоа, на ова рангирање, Македонија го зазела 112. место во светот, со 286 бодови. Тоа претставувало најголем пад на списокот на ФИФА во историјата на македонската репрезентација. Истовремено, тоа било најлошото рангирање на репрезентацијата од 1994 година, кога била пласирана на 117. место.[10]

Еден месец подоцна, во рангирањето на ФИФА, објавено во октомври 2014 година, Македонија повторно се вратила меѓу првите 100 репрезентации во светот. Имено, по победата над Луксембург од 3:2 и поразот од Украина од 0:1 во рамките на квалификациите за ЕП 2016, Македонија собрала 340 бода и напредувала за 13 места на ранг-листата, пласирајќи се на 99. место.[11]

Во ноември 2014, по поразот на домашен терен од Словачка, македонската репрезентација паднала за четири места на ранг-списокот на ФИФА, заземајќи го 103. место, со 324 бодови. На тој начин, за вторпат по 1994 година, Македонија завршила на трицифрено место во рангирањето на ФИФА, откако на крајот од 2011 година го зазела 103. место.[12]

Најпосле, во последното рангирање на ФИФА за 2014 година, објавено на 18 декември, македонската репрезентација напредувала за три места во споредба со претходниот месец и го зазела 100. место, со 324 бода.[13]

2015 година

Во февруари 2015 година, репрезентацијата на Македонија се нашла на 104. место на списокот на ФИФА, со освоени 320 бодови.[14] Потоа, на мартовската ранг-листа, Македонија паднала за четири места и се нашла на 108. место со 308 бода, при што влегла во групата на десетте најслаби европски репрезентации.[15] Во јуни 2015 година, Македонија направила скок од пет места и се нашла на 100. место на ранг-списокот на ФИФА, со 321 бод.[16] На ранг-списокот на ФИФА од август 2015 година, со освоени 311 бода, репрезентацијата на Македонија била пласирана на 103. место во светот.[17]

2016 година

Во рангирањето на ФИФА во ноември 2016 година, македонската репрезентација назадувала за седум места, заземајќи го 162. место, со 138 бода. Од појавувањето на меѓународната фудбалска сцена, тоа бил најлошиот пласман на македонската репрезентација.[18]

Настапи на квалификации за светски првенства

Како дел од Кралството Југославија и СФРЈ, Македонија учествувала на следниве светски првенства во фудбал:

Откако Македонија е самостојна држава, македонската фудбалска репрезентација сè уште се нема квалификуванo на завршницата на некое светско првенство во фудбал:

  • 1998 - не се квалификувала
  • 2002 - не се квалификувала
  • 2006 - не се квалификувала
  • 2010 - не се квалификувала
  • 2014 - не се квалификувала
  • 2018 - не се квалификувала

Квалификации за СП во фудбал 1998

Група 8

Tабела

БрТимPtsPldWDLGFGAGD
1  Романија281091037433
2  Ирска181053222814
3  Литванија17105231183
4  Македонија131041522184
5  Исланд9102351116-5
6  Лихтенштајн0100010352-49

Квалификации за СП во фудбал 2002

Група 4

Tабела

ТимPldWDLGFGAGDPts
 Шведска108202031726
 Турција106311881021
 Словачка10523169717
 Македонија101451118-77
 Молдавија10136620-146
 Азербејџан10127417-135

Квалификации за СП во фудбал 2006

Група 1

Tабела

TимPldWDLGFGAGDPts
 Холандија121020273+2432
 Чешка129033512+2327
 Романија128132010+1025
 Финска125162119+216
 Македонија122371124−139
 Ерменија12219925−167
 Андора12129434−305

Квалификации за СП во фудбал 2010

Група 9

Tабела

TимPldWDLGFGAGDPts
 Холандија8800172+1524
 Норвешка824297+210
 Шкотска8314611−510
 Македонија8215511−67
 Исланд8125713−65

Квалификации за СП во фудбал 2014

Квалификациските натпревари за пласман на светското првенство во Бразил 2014 година, Македонија ги завршила на последното место, што претставува најслаб пласман на квалификациските циклуси за европските и светските првенства во историјата на репрезентацијата. Притоа, од вкупно 10 одиграни натпревари, таа остварила две победи (против Велс во Скопје 2:1 и против Србија во Скопје 1:0), еднаш играла нерешено, а претрпила дури седум порази. Во рамките на квалификацискиот циклус, репрезентацијата постигнала 7 голови, а примила 16. На две средби пред крајот на квалификациите, селекторот Чеде Јаневски ненадејно се повлекол од својата функција и бил заменет со Зоран Стратев. По завршувањето на квалификациите, репрезентацијата паднала за 11 места на ранг-списокот на ФИФА, заземајќи го 86. место со 430 бодови.[6][19]

На последниот натпревар, одигран во Јагодина, Македонија била поразена од Србија дури со 5:1, што предизвикало расправии помеѓу играчите и негодување на македонската спорстка јавност. Уште за време на натпреварот, на теренот започнале расправии помеѓу голманот Томе Пачовски и напаѓачот Агим Ибраими, кои продолжиле на полувремето во соблекувалната, кога играчите се навредувале и расправале, а Ибраими го соблекол дресот и барал да биде заменет. Како потврда за нарушените односи, по натпреварот, капитенот Николче Новески изјавил: „Ова веќе не личи на ништо“; напаѓачот Дарко Тасевски на својот фејсбук-профил напишал „Приватна репрезентација“; селекторот Стратев изјавил дека „...од овој избор на играчи, некои не заслужуваат да го облечат државниот дрес“; а Горан Пандев, во интервјуто за „Македонски спорт“ порачал: „Не можам повеќе да молчам и да гледам како тонеме. Ова што се случува со репрезентацијата е една голема срамота... Како резултат на сето ова се повлекувам од понатамошните настапи во дресот со државниот грб...“. Покрај Пандев, како последица на нарушените односи, и неколку играчи најавиле дека повеќе нема да настапуваат за репрезентацијата.[19][20][21]

По неуспехот на квалификациите за СП во Бразил, на 12 декември 2013 година бил ангажиран нов селектор на репрезентацијата - Бошко Ѓуровски, кој потпишал двегодишен договор, со примена од 1 јануари 2014 година.[22]

Група А

Tабела[23]

TимPldWDLGFGAGDPts
 Белгија10820184+1426
 Хрватска10523129+317
 Србија104241811−714
 Шкотска10325812−411
 Велс10316920−1110
 Македонија10217716−97

Настапи на европски првенства

Како дел од СФРЈ, Македонија била застапена на следниве европски првенства во фудбал:

Како и на светските првенства, откако е самостојна држава, Македонија се нема квалификувано на завршницата на некое европско првенство во фудбал:

Квалификации за ЕП во фудбал 1996 Англија

Група 2

Табела

TимPldWDLGFGAGDPts
 Шпанија10820254+2126
 Данска10631199+1021
 Белгија104331713+415
 Македонија10145918−97
 Кипар10145620−147
 Ерменија10127517−125

Квалификации за ЕП во фудбал 2000 Холандија и Белгија

Група 2

Табела

TимPldWDLGFGAGDPts
 Југославија8521188+1017
 Ирска8512146+816
 Хрватска8431139+415
 Македонија82241314−18
 Малта8008627−210

Квалификации за ЕП во фудбал 2004 Португалија

Група 7

Табела

TимPldWDLGFGAGDPts
 Англија8620145+920
 Турција8611175+1219
 Словачка8314119+210
 Македонија81341114−36
 Лихтенштајн8017222−201

Квалификации за ЕП во фудбал 2008 Австрија и Швајцарија

Група Е

Табела

TимPldWDLGFGAGDPts
 Хрватска12921288+2029
 Русија12732187+1124
 Англија12723247+1723
 Израел127232012+823
 Македонија124261212014
 Естонија12219521−167
 Андора120012242−400

Квалификации за ЕП во фудбал 2012 Полска и Украина

Група Б

Табела

TимPldWDLGFGAGDPts
 Русија10721174+1323
 Ирска10631157+821
 Ерменија105232210+1217
 Словачка10433710−315
 Македонија10226814−68
 Андора100010125−240

Квалификации за ЕП во фудбал 2016 Франција

Во квалификациите за ЕП 2016, Македонија била во групата „Ц“, заедно со Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија и Луксембург. Претходно, во извлекувањето на учесниците во квалификациите, Македонија била сместена во петтиот барабан.[9]
На првиот квалификационен натпревар, одигран во Валенсија на 8 септември 2014 година, Македонија претрпела убедлив пораз од Шпанија со 5:1.[10]
Во второто квалификациско коло, одиграно на 9 октомври 2014 година во Скопје, репрезентацијата на Македонија ја забележала првата победа во групата, одигрувајќи 3:2 против Луксембург. Притоа, прва во водство дошла Македонија, со голот на Александар Трајковски во 20. минута. Потоа, Стефано Бенси и Давид Турпел го довеле во водство тимот на Луксембург, така што на полувремето резултатот бил 1:2. Во вториот дел, во 66. минута, Адис Јаховиќ го изедначил резултатот со гол од пенал и најпосле, во последната минута на судиското продолжение, Бесарт Абдурахими дал гол за победа на Македонија.[24]
На 12 октомври 2014 година, во третото квалификациско коло, Македонија ѝ гостувала на Украина во Лавов. Притоа, Македонија загубила со 0:1, а единствениот гол го дал Сидорчук во 45. минута. На почетокот од второто полувреме, Јармоленко промашил пенал за Украина.[25][26][27]
Во четвртото коло, одиграно на домашен терен, Македонија изгубила од репрезентацијата на Словачка со 0:2 при што двата гола биле постигнати во првото полувреме: најпрвин погодил Јурај Кучка во 25. минута, а вториот гол го дал Адам Немец 38. минута.[28]
На 27 март 2015 година, во Скопје, македонската репрезентација ја дочекала репрезентацијата на Белорусија. Натпреварот се одиграл пред само 5.000 гледачи, а главен судија бил Ентони Тејлор. Репрезентацијата на Македонија настапила во следниов состав: Пачовски, Ристевски, Шиков, Марковски, Георгиевски, Положани (во 30. минута бил заменет со Барди), Хасани, Трајковски, Ибраими, Абдурахими (во 75. минута го заменил Блажевски), Велкоски (во 63. минута бил заменет со Тодоровски). Веќе во 9. минута, Македонија повела со голот на Трајковски, но подоцна, гостите успеале да направат целосен пресврт: во 44. Калачев го изедначил резултатот, а во 82. минута, Корниленко го постигнал победничкиот гол за гостите. Така, на крајот, Македонија загубила со 1:2.[29]
На 14 јуни 2015 година, македонската репрезентација ѝ гостувала на репрезентацијата на Словачка. Натпреварот се одиграл пред само 10.675 гледачи и тоа бил првиот настап на репрезентацијата под водство на новиот селектор Љубинко Друловиќ. Репрезентацијата на Македонија настапила во следниов состав: Пачовски, Тодоровски, Димитровски, Мојсов, Трајковски (во 56. минута го заменил Ивановски), Муарем (во 82. минута го заменил Велковски), Ибраими (во 89. минута бил заменет со Абдурахими), Хасани, Трајчевски, Адеми, и Жута. Веќе во 8. минута, Словачка повела со голот на Салата, во 39. минута, Хамшик го постигнал вториот гол за домаќините, а во 69. минута, Адеми го постигнал единствениот гол за Македонија. Така, на крајот, Македонија загубила со 1:2.[30]
На 5 септември 2015 година, македонската репрезентација изгубила на гостински терен од репрезентацијата на Луксембург, со резултат 0:1. Натпреварот се одиграл пред 1.675 гледачи, а главен судија бил Ли Еванс од Велс. Победничкиот гол за Луксембург го постигнал Себастијан Тил во 92. минута, а претходно, во 84. минута Абдурахими не успеал да го реализира досудениот пенал за Македонија. На овој натпревар, Македонија играла во следниов состав: Пачовски (голман), Мојсов (од 37. минута, Ристевски), Шиков, Трајковски (од 74. минута, Илијоски), Ибраими (од 80. минута, Ашковски), Ристовски, Глигоров, Петровиќ, Жута, Абдурахими и Ивановски.[31]
Неколку дена подоцна, на 9 септември, во Скопје, репрезентацијата на Македонија играла против Шпанија и претрпела пораз од 0:1 (0:1), а победничкиот гол за шпанската репрезентација го постигнал голманот Томе Пачовски, кој во осмата минута, по едне центаршут на Хуан Мата, си постигнал автогол. Македонската репрезентација настапила во следниот состав: Пачовски (голман), Брдаровски, Ристевски, Шиков, Жута, Петровиќ, Глигоров, Ашковски (од 76. минута, Барди), Хасани, Радески (од 85. минута, Ибраими) и Ивановски (од 68. минута, Трајковски).[32]
Во последниот натрпевар од квалификациите, на 12 октомври 2015 година, во Борисов, пред само 2.000 гледачи, репрезентацијата на Македонија одиграла нерешено (0:0) со репрезентацијата на Белорусија. Македонија играла во следниов состав: Митов (голман), Нилсон, Брдаровски (од 73. минута, Абдурахими), Шиков, Мојсов, Жута, Ристовски, Петровиќ, Стјепановиќ (од 81. минута, Алими), Ибраими (од 86. минута, Несторовски), Трајковски и Тричковски.[33] На тој начин, репрезентацијата на Македонија се пласирала на последното место во својата квалификациска група, со само четири освоени бодови.

Пријателски натпревари

2012

29.02.2012
19:05 UTC+1
Луксембург  2 – 1  МакедонијаЈоси Бартхел , Луксенбург
Гледачи: 787
Судија: Рајмонд Крангле (Северна Ирска)
Девил Маурис  56'90'ReportФерхан Хасани  24'

26.05.2012
18:00 UTC+1
Португалија  0 – 0  МакедонијаД-рМагалхаес Песоа , Леирија
Гледачи: 19,220
Судија: Алан Кели (Република Ирска)
Report

29.05.2012
19:00 UTC+1
Ангола  0 – 0  МакедонијаАнтонио Коимбра да Мота , Есторил
Гледачи: 200
Судија: Педро Проенца Оливеира Алвес Гарсија (Португалија)
Report

15.08.2012
20:30 UTC+1
Македонија  1 – 0  ЛитванијаНационална Арена Филип 2 , Скопје
Гледачи: 7.000
Судија: Халис Ожкиа (Турција)
Пандев Горан  54'Report

14.11.2012
18:00 UTC+1
Македонија  3 – 2  СловенијаНационална Арена Филип 2 , Скопје
Гледачи: 3.000
Судија: Груоќ Данило (Србија)
Тасевски Дарко  54'
Јаховиќ Адис  41'
Ибраими Агим  51'
ReportПечник Нејс  49'63'

14.12.2012
17:15 UTC+1
Полска  4 – 1  МакедонијаМардан Спорт Арена , Анталија
Гледачи: 20
Судија: Хусеин Гочек (Турција)
Аркадиуш Милик  12'
Павловски Симон  23'
Једзечук Артур  64'
Валдемар Собота  79'
ReportДејан Блажевски  87'

2014

На 5 март 2014 година, на стадионот „Филип Втори“ во Скопје, Македонската фудбалска репрезентација одиграла пријателски натрпевар против репрезентацијата на Летонија. Тоа бил првиот настап на Македонија под водството на селекторот Бошко Ѓуровски. Пред само 2 000 гледачи, Македонија извојувала победа од 2:1, со головите на Јован Костовски и Агим Ибраими од пенал, додека Даниел Георгиевски постигнал автогол. На мечот судела судиската тројка од Албанија, предводена од главниот судија Лоренс Јемини. На овој натпревар бил промовиран новиот капитен на репрезентацијата, голманот Томе Пачовски. Притоа, од повиканите 20 фудбалери, на теренот настапиле дури 17, вклучувајќи ги и дебитантите Крсте Велковски и Кире Ристевски. Боите на Македонија ги бранеле следниве фудбалери: Пачовски, Георгиевски, Попов, Шиков (заменет со Ристевски), Мојсов, Тричковски (заменет со Велковски), Демири (заменет со Спировски), Стјепановиќ (заменет со Муарем), Костовски (заменет со Б. Ибраими), А. Ибраими, Хасани (заменет со Ивановски).[34]

На 26 мај 2014 година, на „Куфштејн Арената“ во Куфштејн, Австрија, Македонската фудбалска репрезентација одиграла пријателски натрпевар против репрезентацијата на Камерун. Натпреварот завршил со пораз на Македонија од 0:2 (0:0), а стрелци на головите за Камерун биле Вебо во 52 минута и Чупо-Мотинг во 84 минута. Македонската репрезентација го започнала натпреварот во следниов состав: Пачовски, Грнчаров, Попов, Тодоровски, Ристевски, Абдурахими, Спировски, Бабунски, Ибраими, Тричковски и Трајковски, а капитенската лента ја носел Бобан Грнчаров. Натпреварот го судел Роберт Шоргенхофер, помошни судии биле Винсауер и Штаундингер, додека четврти судија бил Лехнер, сите од Австрија.[35]

Четири дена подоцна, на 30 мај 2014, со почеток во 19,00 часот, во Риети, Италија, македонската репрезентација одиграла уште еден пријателски натпревар, овојпат против селекцијата на Катар, при што натпреварот завршил нерешено, со резултат 0:0.[36]
На 30 март 2015 година, на речиси празниот стадион во Скопје, Македонија одиграла пријателски натпревар против репрезентацијата на Австралија. Притоа, натпреварот завршил нерешено 0:0, во целосно мирна и неинтересна игра, во која речиси не биле создадени никакви прилики за гол.[37]

Селектори

СелекторКариераНатпревариПобедиНерешениПоразиГол разПријателскиКв ЕвКв Св
Дончевски, АндонАндон Дончевски13/10/1993–15/11/19951735723:247100
Хаџиевски, ЃокоЃоко Хаџиевски27/3/1996–9/6/1999281071142:3713510
Канатларовски, ДраганДраган Канатларовски5/9/1999-28/3/200118331115:261035
Јовановски, ЃореЃоре Јовановски2/6/2001-10/1/2002130679:26805
Илиевски, НиколаНикола Илиевски27/3/2002–30/7/20031536625:25960
Канатларовски, ДраганДраган Канатларовски20/8/2003–13/2/20051655617:15826
Сантрач, СлободанСлободан Сантрач4/3/2005–25/8/200541034:12004
Бабунски, БобанБобан Бабунски1/9/2005–16/2/200621102:1101
Јонуз, МирсадМирсад Јонуз11/11/2005–20/11/200521012:2200
Катанец, СречкоСречко Катанец16/2/2006–6/4/200927971128:2911124
Јонуз, МирсадМирсад Јонуз6/6/2009–19/6/201100000:0000
Костов, ВлаткоВлатко Костов7/9/2010-7/9/201010102:2010
Бабунски, БобанБобан Бабунски10/8/2011–10/8/201111001:0100
Тошак, ЏонЏон Тошак2/9/2011–13/8/201271334:8340
Седловски, ГоцеГоце Седловски15/8/2012–19/8/201211001:0100
Јаневски, ЧедеЧеде Јаневски20/8/2012–27/9/201300000:0000
Стратев, ЗоранЗоран Стратев28/9/2013 - 15/10/201320021:6002
Ѓуровски, БошкоБошко Ѓуровски1/1/2014– 7/4/2015112:113

Моментален состав

Ова е списокот на играчи повикани за натпреварите против Хрватска на 12 октомври и Србија на 16 октомври во квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014.

Настапи и голови од 19 ноември 2018.

#Поз.ИграчДатум на раѓање (години)НастапиГоловиКлуб
1ГМСтоле Димитриевски25 декември 1993(1993-12-25)(30 г.)240 Рајо Валјекано
22ГМДејан Илиев25 февруари 1995(1995-02-25)(29 г.)00 Арсенал
12ГМДамјан Шишковски18 март 1995(1995-03-18)(29 г.)00 РоПС
4ОДКире Ристевски22 октомври 1990(1990-10-22)(33 г.)300 Ујпешт
6ОДВисар Муслиу13 ноември 1994(1994-11-13)(29 г.)121 Шкендија
3ОДЃоко Зајков10 февруари 1995(1995-02-10)(29 г.)90 Шарлероа
2ОДКристијан Тошевски6 мај 1994(1994-05-06)(30 г.)60 Вардар
15ОДЕгзон Бејтулаи7 јануари 1994(1994-01-07)(30 г.)50 Шкендија
14ОДМите Цикарски6 јануари 1993(1993-01-06)(31 г.)30 ПАС Јанина
11СРФерхан Хасани18 јуни 1990(1990-06-18)(34 г.)352 Ал-Раед
20СРСтефан Спировски23 август 1990(1990-08-23)(33 г.)271 Ференцварош
8СРЕзѓан Алиоски12 февруари 1992(1992-02-12)(32 г.)254 Лидс Јунајтед
17СРЕнис Барди2 јули 1995(1995-07-02)(29 г.)193 Леванте
16СРБобан Николов28 јули 1994(1994-07-28)(29 г.)131 МОЛ Види
5СРАријан Адеми29 мај 1991(1991-05-29)(33 г.)92 Динамо Загреб
21СРЕлиф Елмас27 септември 1999(1999-09-27)(24 г.)80 Фенербахче
10НПГоран Пандев (C)27 јули 1983(1983-07-27)(40 г.)9933 Џенова
7НПИван Тричковски18 април 1987(1987-04-18)(37 г.)545 АЕК Ларнака
9НПАлександар Трајковски5 септември 1992(1992-09-05)(31 г.)4715 Палермо
23НПИлија Несторовски12 март 1990(1990-03-12)(34 г.)278 Палермо
19НПКрсте Велковски20 февруари 1988(1988-02-20)(36 г.)120 Сараево

Статистика на играчите

Играчи со најмногу настапи

Последна промена 22 мај 2020.

#ИмеРеп. кариераНастапиГоловиПозиција
1Горан Пандев2001-202112238напаѓач
2Гоце Седлоски1996-20101008одбрана
3Величе Шумуликоски2002-2013841среден ред
4Артим Шаќири1996-20067215среден ред
5Игор Митрески2001-2011701одбрана
6Стефан Ристовски2011-682одбрана
Александар Трајковски2011-6818напаѓач
8Иван Тричковски2010-677напаѓач
9Николче Новески2004-2013645одбрана
10Петар Милошевски1998-2009590голман

Играчи со најмногу постигнати голови

Последна промена 22 мај 2020.

#ИмеРеп. кариераГоловиНастапиПозиција
1Горан Пандев2001-202138122напаѓач
2Александар Трајковски2011-1868напаѓач
3Ѓорѓи Христов1995-20031648одбрана
4Артим Шаќири1997-20071572среден ред
5Илија Несторовски2016-1046напаѓач
Горан Мазнов2001-20091045напаѓач
7Езѓан Алиоски2013-947среден ред
Илчо Наумоски2003-2012945напаѓач
9Саша Ќириќ1996-2003826напаѓач
Гоце Седлоски1996-20108100одбрана

Жолти картони

#ИмеКариераЖолти картони
1Илчо Наумоски2003 -16
2Гоце Седловски1996 - 201016
3Величе Шумуликоски2001 -15
4Игор Митрески2000 -14
5Горан Пандев2001 -13
6Александар Васоски2000 -11
7Николче Новески2004 -9
8Ѓорѓи Христов1995 - 20057
9Бобан Бабунски1993 - 20007
10Миле Крстев1996 - 20057

Црвени картони

#ИмеКариераЦрвен картон
1Дарко Панчев26-04-19951
2Илија Најдоски31-08-19941
3Митко Стојковски02-04-19971
4Тони Мицевски17-05-19971
5Ѓорѓи Христов18-05-19981
6Миле Крстев06-06-20011
7Зекирија Рамадан10-01-20021
8Величе Шумуликоски04-09-20042
9Гоце Седловски24-03-20071
10Ванче Шиков04-09-20101
11Горан Пандев02-09-20111

Табела на сите репрезентации со кои играла Македонија

Преглед на резултатите од сите натпревари на македонската Фудбалска репрезентација со други репрезентации.[38]

ПротивДеталиОдиграноПобедиНерешниИзгубениДГПГГР
 Австријадетали300339-6
 Австралијадетали100101-1
 Албанијадетали8421104+6
 Андорадетали641191+8
 Анголадетали1010000
 Ерменијадетали622211110
 Азербејџандетали4410103+7
 Бахреиндетали1010110
 Белгија-201116-5
 Босна и Херцеговина-5131880
 Бугарија-511315-4
 Канада-210131+2
 Камерун-200203-3
 Кина-301202-2
 Хрватска-612389-1
 Кипар-211041+3
 Чешка-301229-7
 Данска-201112-1
 Еквадор-110021+1
 Египет-1010220
 Англија-402235-2
 Естонија-431083+5
 Финска-4103211-9
 Унгарија-201105-5
 Исланд-421142+2
 Иран-311145-1
 Ирска-6114511-6
 Израел-300336-3
 Јамајка-110021+1
 Јужна Кореја-201134-1
 Лихтенштајн-5410204+16
 Литванија-110224-2
 Луксембург-210153+3
 Малта-6510152+13
 Молдавија-3030330
 Црна Гора-2101330
 Холандијадетали402238-5
 Нигерија-1010000
 Норвешка-201112-1
 Оман-100102-2
 Парагвај-110101-1
 Полска-201114-3
 Португалија-201101-1
 Катар-3111220
 Романија-5104511-6
 Русија-400407-7
 Саудиска Арабија-1010110
 Шкотска-210112-1
 Србија-311136-3
 Србија и Црна Гора-300349-5
 Словачка-5024212-10
 Словенија-220061+5
 Шпанија-300328-6
 Шведска-200213-2
 Турција-7115914-5
 Украинадетали211010+1
 САД-1010000
 Велс-2101220
Вкупно163464670191220-29

Наводи

Надворешни врски